Кој се сеќава што научи во училишните клупи?

Почетна - Кој се сеќава што научи во училишните клупи?
Nov 21, 2019

Кој се сеќава што научи во училишните клупи?

Кој се сеќава што има научено во училишните клупи? Дропки, бројки, информации, факти, лектири…Колку од тие информации користи во понатамошниот живот? Хммм…веројатно малку.

Кој се сеќава што има научено во училишните клупи? Дропки, бројки, информации, факти, лектири…Колку од тие информации користи во понатамошниот живот? Хммм…веројатно малку.

Кој се сеќава што има научено надвор од училишните клупи (за тие што биле вклучени во такви активности)? Работа во тим, свесност за себе, комуникациски вештини, креативно и критичко размислување, менаџирање со време, конфликти и нивно решавање. Колку од овие работи користи во својот живот? Хммм…веројатно сите и веројатно многу често.

Со овој текст сакаме да ги споделиме нашите научени лекции за вториот концепт, учењето надвор од училишните клупи преку концептот на Служба за заедницата (Service Learning) кој за првпат го реализиравме од јануари до јули 2019 година со 3 скопски средни училишта и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија.

Што претставува концептот? Преку него средношколците имаат можност знаењата стекнати во училишните клупи да ги применат за служба за заедницата. Просто кажано, идентификуваат проблем во заедницата, собираат тим, креираат решение и план и се фаќаат за работа. Во целиот процес се поддржани од еден ментор-врсник, и еден наставник од училиштето.

Лекција број 1:

Учениците не се проблемот, тие се можноста

Во ерата на дигитализација, се вели дека учениците се незаинтересирани, немотивирани и брзо губат внимание. Сосема спротивно од ова, научивме дека со вистински пристап, поддржувачка околина малку ресурси, учениците можат да направат чуда. Група од 30 средношколци колку што беа вклучени, успеаа да реализираат 6 различни настани и да снимаат креативни аудиовизуелни содржини.

Лекција број 2:

Кажи ми и ќе заборавам, покажи ми и ќе запомнам, вклучи ме и ќе научам

Преку оваа реченица на Бенџамин Френклин можеме да направиме споредба со учењето во и надвор од клупите. Преку проектот научивме дека најголемото и најзначајно учење е во ситуациите во кои самите ученици преземаат иницијатива и не се пасивни слушатели. Без тестови, без часови, без авторитети, нивниот напредок во три месеци беше феноменален.

Лекција број 3:

Менторството е клучен момент во развојот на здрава индивидуа

Во проектот вклучивме тројца ментори, на блиска возраст со средношколците, но со искуство во работа со млади за да ги поддржуваат во реализација на проектите. Интересно беше да се види дека средношколците на почеток не беа свесни за улогата на менторот, мислејќи дека е некој авторитет кого треба да слушаат. Напротив, низ целиот процес менторот беше поддршка и “критичниот пријател” на тимот кој помагаше да ги надминат процесите во групите и да го реализираат зацртаниот план.

Лекција број 4:

Потребно да се воведе програма за општествено корисно работа во средното образование

Образованието надвор од клупите мора да биде надополнувањето на истото во рамки на клупите. Вештините и работите кои се учат помагаат во развојот на младиот човек и придонесуваат за неговиот развој. Затоа нашиот апел е за воведување на ваква програма која ќе биде задолжителна за секој ученик во средното образование.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD