Колку е важен преносот на искуството од една генерација ученици на друга? - Билјана Ивановска

Почетна - Колку е важен преносот на искуството од една генерација ученици на друга? - Билјана Ивановска
Jun 19, 2022

Колку е важен преносот на искуството од една генерација ученици на друга? - Билјана Ивановска

Преносот на знаењето и искуството кое го стекнуваат учениците од една генерација на друга е од особена важност за да се загарантира континуитет во работата на Ученичките заедници во средните училишта. На тој начин се обезбедува и одржливост на процесите кои ги спроверуваат учениците во рамки на своите училишта и се гарантираат долгорочни промени кои го унапредуваат училишниот живот на средношколците.

Токму ваквиот преност на знаења и искуства беше потенциран од Билјана Ивановска од СОУ „Методи Митевски Брицо“ - Делчево како една од најголемите придобивки од учеството во проектот „Learning Engagement And Democracy“.

Какво беше вашето искуство со учеството на проектот?

Ова беше проект многу поразличен од сите во кои досега имам учествувано. Задоволство е да се работи со млади и надежни луѓе, експерти во својата област. Сите состаноци и настани беа организирани во координација со вклучените членови во проектот..

Што ви остави најголем впечаток?

Сите активност беа организирани и реализирано максимално добро. Најголем впечаток ми оставо заршниот настан, изборот на темите, лицата за дискусија, дискусиите, работата во групи и можноста за соработка помеѓу учениците.

Колку овој проект беше од корист за учениците и зошто?

Користа допрва ќе може да се види. Досега во проектот беа опфатени помал број на ученици, но во следните учебни години тие своето искуство ќе го пренесат на своите соученици. За првпат ученици од нашето училиште учествуваа на ваков проект, на теми кои директно ги засегаат, и за првпат до себе почувствуваа дека има некој кој размислува со нив во ист правец и од кого можат да побараат совет или поддршка.

Што е она што го научија и го сфатија учениците преку проектот?

Научија дека се на исто скалило во процесот на донесување на одлуки со своите наставници, стручните служби и институциите поврзани со дејноста образование.

Проектот „Learning Engagement And Democracy“ се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија, преку програмата Еразмус+.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD