Колку е важно учениците да се охрабрени и одлучни за да креираат промени? - Елизабета Мијалчева

Почетна - Колку е важно учениците да се охрабрени и одлучни за да креираат промени? - Елизабета Мијалчева
Jun 12, 2022

Колку е важно учениците да се охрабрени и одлучни за да креираат промени? - Елизабета Мијалчева

Неретко недостатокот на ученичко учество и активни ученици и Ученички заедници е резултат и последица на стравот и обесхрабреноста на учениците да преземат акции за унапредување на својата положба во училиштето, да остварат дијалог со наставниците и училишното раководство и да се залагаат за своите потреби и интереси.

Земајќи предвид дека една од целите на проектот „Учење учество и демократија“ беше да се охрабрат учениците да бидат активни во своите училишта, преку Ученичките заедници и другите форми на организирање, ја прашавме Елизабета Мијалчева од СОУ „Наум Наумовски - Борче“ - Пробиштип колку проектот ја остварил својата цел.

Какво беше вашето искуство со учеството на проектот?

Моето искуство беше навистина одлично. Желбата да ги активирам и мотивирам учениците да бидат одлучни, активни и да се залагаат за своите права и потреби се оствари токму преку овој проект.

Што ви остави најголем впечаток?

Најголем впечаток од овој проект и искуството во работа со учениците од моето училиште кои беа вклучени беше сериозноста и одлучноста на учениците кога треба да се борат за своите права и за воведување на демократска клима во училиштето

Колку овој проект беше од корист за учениците и зошто?

Бенефитот од овој проект за учениците беше навистина голем, бидејки во нашето училиште владееше клима на разочараност кај учениците дека не може ништо да се смени, дека секогаш мора да се слушаат наредбите на наставниците и раководството. Учениците се охрабрија и почнаа поактивно да се организираат и да преговараат за одредени промени во нашето училиште, по идеја и иницијатива на учениците.

Што е она што го научија и го сфатија учениците преку проектот?

Учениците научија дека само со сопствена организираност и сопствено активирање можат да го подигнат нивото на органисираноста на активностите во нашето училиште.

Проектот „Learning Engagement And Democracy“ се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија, преку програмата Еразмус+.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD