Наставниците од средните училишта ја разбираат потребата која ја имаат учениците од нивна поддршка при застапувањето на нивните интереси и потреби. Во таа насока голема улога има и менаџерскиот тим на училиштата.
Билјана Костова од СУГС „Никола Карев“- Скопје, како наставник и заменик директор, вклучена во имплементацијата на проектот „Учење учество и демократија“, ги сподели своите импресии и заклучоци од спроведувањето на проектот.
Какво беше вашето искуство со учеството на проектот?
Интересно искуство, нов проект со сосема нови сознанија и резултати. Корисен за сите, и за учениците и за наставниците , но и за менаџерскиот тим.
Што ви остави најголем впечаток?
Кооперативноста и соработката помеѓу учениците , раководниот кадар и педагошко-психолошка служба.
Колку овој проект беше од корист за учениците и зошто?
Мислам дека учениицте имаа голем бенефит од проектот бидејки увидоа колку многу стручни лица се потребни за правилното фукнционирање на училиштето и образовниот процес. Сами дојода до заклучоци што им е потребно за позитивно фукнционирање на УЗ во текот на целата учебна година , а и генерално како процес.
Што е она што го научија и го сфатија учениците преку проектот?
Учениците согледаат низ каков процес се донесуваат одлуки, колку задолженија и обврски имаат раководителите и наставниците , како тоа фукнционира во спрега ученици- наставници- раководен кадар. Научија дека треба сами да си ги осмилсат активностите за програмата на УЗ и уште многу други корисни нешта.
Проектот „Learning Engagement And Democracy“ се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија, преку програмата Еразмус+.