Колку неформалното образование поттикнува ученичко учество? - Христина Таневска

Почетна - Колку неформалното образование поттикнува ученичко учество? - Христина Таневска
Jun 16, 2022

Колку неформалното образование поттикнува ученичко учество? - Христина Таневска

Иако Ученичките заедници, како модел на ученичко учество, не се ништо ново, сепак во нашата земја истите се уште не се законски регулирани. Па така, дел од средните училишта се уште немаат формирано вакво ученичко тело кое ќе ги застапува потребите и интересите на учениците.

Се запрашавме колку неформалното образование и учеството во проекти и активности придонесува кон поттикнување на желба кај учениците да се активираат уште повеќе и да формираат во своето училиште Ученичка заедница која ќе учествува во процесите на носење одлуки и ќе влијае на унапредување на училишниот живот. Христина Таневска од ПСУ „САБА“ - Скопје ни сподели колку овој проект придонел кон охрабрување на учениците од нејзиното училиште.

Какво беше вашето искуство со учеството на проектот?

Целосното искуство со учество во проектот би можела да го оценам со највисока оцена. Одлични активности, организација, комуникација и остварени цели.

Што ви остави најголем впечаток?

Најголем впечаток ми остави желбата на учениците за учество во проектот, да научат повеќе за ученичките заедници и да го спроведат истото во нашето училиште, активностите на учениците на тренингот во Струга како и симулацијата која беше интересна активност која би сакале да ја спроведуваме и во наредните години.

Колку овој проект беше од корист за учениците и зошто?

Учеството во овој проект беше навистина од голема корист за учениците. Се запознаа со сите аспекти од формирање, работа, активности, одлучување и важноста на ученичките заедници. По спроведените активнсти веќе разговараа за формирање на ученичка заедница во училиштете во учебната 2022/2023 година поради што сметам дека и целта на учеството во проектот беше постигната.

Што е она што го научија и го сфатија учениците преку проектот?

Научија како да формираат ученичка заедница, зошто е таа важна во едно училиште, како функционира, какви активности спроведува и процесот на донесување на одлуки. Исто така со реализација на симулацијата, учениците кои земаа учество одблиску се запознаа со работата на стручната служба во училиштето за што добивме повратна информација дека се изненадени од сите работи со кои се соочуваат и се засегнати и колку до сега не знаеле за истите.

Проектот „Learning Engagement And Democracy“ се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија, преку програмата Еразмус+.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD