Колку учениците учеа учество и демократија?- Надица Таневска Јанева

Почетна - Колку учениците учеа учество и демократија?- Надица Таневска Јанева
Jun 1, 2022

Колку учениците учеа учество и демократија?- Надица Таневска Јанева

Поддршката на наставниците во процесот на градење на демократски капацитети кај учениците и во процесот на унапредување на ученичкото учество во средните училишта е од голема важност. Токму затоа, во целиот процес на спроведување на проектот „Учење учество и демократија“ (Learning Engagement And Democracy) наставниците беа целосно вклучени и придонесуваа кон процесот.

За искуството при спроведувањето на проектот ја прашавме Надица Таневска Јанева од СУГС „Георги Димитров“- Скопје како таа гледа на целокупниот процес и кој е импактот на проектот врз учениците.

Какво беше вашето искуство со учеството на проектот?

Исклучително позитивно. Учениците добија несекојдневна прилика непосредно да се запознаат и да учествуваат во управувањето со училиштето од аспект на сите негови структури. Осознаа за одговорностите и обврските на сите вработени со што и самите стекнаа искуство за начинот на управување и одлучување.

Што ви остави најголем впечаток од проектот?

Средбата на учениците во Струга, размената на идеи, желбата да се подобрат УЗ во училиштата, ентузијазмот и желбата за учење кај децата.

Колку овој проект беше од корист за учениците и зошто?

Ползата е многукратна. Секоја фаза имаше одреден ефект врз учениците за да се почувствуваат како фактори кои одлучуваат, можат да иницираат и спроведат промени. Ползата е што ја увидоа својата но и улогите на сите структури во училиштето.

Што е она што го научија и го сфатија учениците преку проектот?

Дека секогаш може повеќе и подобро. Несебичната размена на искуствата и споделувањето на практиките меѓу нив им овозможи да ги сфатат можностите кои им се пружаат и придобивките од иницирањето на промените во училишниот живот.

Проектот „Learning Engagement And Democracy“ се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија, преку програмата Еразмус+.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD