Од дневникот на еден волонтер: од Словенија со љубов: II дел

Почетна - Од дневникот на еден волонтер: од Словенија со љубов: II дел
Dec 14, 2021

Од дневникот на еден волонтер: од Словенија со љубов: II дел

Дојдовме некаде на нешто повеќе од половина од моето волонтерство во Словенија. Собрав толку многу впечатоци, спомени и луѓе во моето срце. Некако се чувствувам како да навлегов подлабоко во функционирањето на Барка.

02.jpg

Ги запознав лицата повеќе, и ми станаа уште подраги. Часовите по јога станаа уште поинтересни, и ни прејдоа во пракса секој вторник или среда. Со Аммар имавме македонски ден во кој ги претставивме нашата држава и култура на кратко, пуштавме традиционални македонски песни и зготвивме тавче-гравче. Се’ помина во прекрасна атмосфера, а денот беше преубав. Прекрасните насмевки на луѓето околу мене даваат живот и сатисфакција, она што го правиме тука е преблагодарно, а такво е и живеењето со овие лица.

Кога она што го правите е возвратено десет пати повеќе, невозможно е да сакате да престанете да работите со истите луѓе од кои јас и претходно нагласив дека ние сме тие кои повеќе учиме од нив и сме гости во нивниот дом, а не тие во нашиот, како што би рекле оние кои се подолги години во Барка.

Летото го искористивме за одмор со лицата, поголемиот дел од нив беа во Изола или Копер. Пресреќни што можеа да уживаат покрај обала, на море и на сонце, и исполнети со витамин :). Јелка пак, ова лето прв пат беше на море во својот живот, и со толкава среќа беше облиена, небаре е дете кое игра на морското сонце со полн сјај.

И како што доаѓаше септември, и повторно она убаво септемвриско сонце во Словенија, го чувствувавме како ни годи и не' гали на еден толку пријатен начин. Се чувствуваше бескрајна топлина надополнета со искрени насмевки и дружба од страна на луѓе што преферираат да ги измамат лошите мисли и да не дозволат да ги надвладеат.

03.jpg

Се активираше одново ликовната секција во која се црта со ликовните уметнички Андреа и Рената. Во меѓувреме пробувавме да го искористиме максимално тоа сонце, па имавме можност да поуживаме на убаво време и во октомври, и да зачуваме по некоја резерва за студените зимски денови.

01.jpg

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD