Ко-менаџирањето ги обединува различните групи за да ги споделат одговорностите во процесите на одлучување. Најчесто се применува во училиштата, еколошките програми и јавните услуги со цел да се вклучат учениците, наставниците, администраторите, родителите и надворешните партнери во креирањето на политики. Иако овој пристап овозможува пофер и поотворени дискусии, неговото одржување на подолг рок носи низа предизвици.
Многу програми за ко-менаџирање започнуваат како краткорочни проекти поддржани од надворешно финансирање или граѓански иницијативи. Без јасни политики кои ќе го направат ко-менаџирањето постојан дел од функционирањето на институцијата, овие практики често згаснуваат кога ќе се исцрпат финансиските средства или иницијалниот ентузијазам.
Начини за решавање на овој предизвик:
а) Вклучување на ко-менаџирањето во училишните правилници и политики, б) Обезбедување официјална поддршка од образовните власти, в) Поттикнување на локалните самоуправи да го признаат ко-менаџирањето како вреден модел на управување.
За ко-менаџирањето да биде одржливо, луѓето мора да останат активни и мотивирани. Чест проблем е што учеството започнува со ентузијазам, но со текот на времето ослабува особено кога матурантите завршуваат, а доаѓаат нови членови.
Начини за справување со овој предизвик:
a) Јасно дефинирање на улогите и придобивките за сите учесници, б) Организирање редовни состаноци на ко-менаџирачкото тело за да се задржи интересот и континуитетот.
Ко-менаџирањето функционира најдобро кога сите вклучени разбираат што се очекува од нив. Но, честата промена на членовите особено кај учениците може да ја наруши доследноста и континуитетот.
Начини за решавање:
a) Креирање прирачници или водичи за новите членови за побрзо воведување во процесот, б) Воспоставување менторски систем каде поискусните членови ги водат новите.
Еден од клучните предизвици е да се овозможи сите гласови да бидат подеднакво слушнати. Понекогаш учениците чувствуваат дека нивните мислења не се сфаќаат сериозно во споредба со наставниците или администрацијата, а родителите, пак, тешко успеваат да остварат влијание.
Начини за подобрување:
a) Воспоставување транспарентни и правични процедури за донесување одлуки, б) Поставување комуникациски систем каде секоја група има еднаков простор да се изрази.
Во некои училишта, заедничкото одлучување не е вообичаена практика, па често постои отпор кон промени. Дел од администраторите и наставниците се навикнати на хиерархиски модел на работа и не се секогаш подготвени да им дадат на учениците повеќе влијание.
Како да се поттикне промена:
a) Споделување на реални примери од успешни практики на ко-менаџирање, б) Тестирање на моделот во помали училишни контексти пред негово пошироко воведување.
За ко-менаџирањето да биде ефективно на долг рок, потребно е редовно да се следи и подобрува. Без соодветно мониторирање, тешко е да се знае што функционира добро, а што треба да се промени.
Начини за одржување на процесот:
a) Поставување јасни цели и мерење на напредокот, б) Организирање редовни состаноци за рефлексија и подобрување, в) Поттикнување на отворена повратна информација од сите засегнати страни.
Иако ко-менаџирањето може да создаде пофер и поотворен процес на одлучување, неговото долгорочно одржување бара посветеност и постојан ангажман. Институциите треба да обезбедат стабилна поддршка, а учесниците да останат активни и мотивирани. Развивањето лидерски вештини и рамнотежата во авторитетот помеѓу различните страни гарантира дека секој глас има значење.
Кога процесот е добро испланиран и поддржан, ко-менаџирањето може да доведе до трајни подобрувања кои им користат на училиштата, учениците и целата заедница.
Проектот „Ко-менаџирани средни училишта“ се спроведува од Здружението LEAD (МКД) во партнерство со Genesis Projeвt (БiH), Kosovar Youth Вounвil (KS), Youth Network of Montenegro (MNE) и Вonneвting (SRБ). Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата Erasmus+.