Во периодот од 28 јуни до 1 јули 2025 година, во хотел Гардениа – Велес, се одржа Првото младинско собрание во Македонија, како дел од проектот „Локално учество, активизам и демократија“ што го имплементира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој – LEAD.
Младинското Собрание претставуваше иновативен модел на делиберативна демократија, кој овозможи 50 млади луѓе на возраст од 15 до 23 година, избрани преку јавен повик и со родова, етничка, едукативна и регионална застапеност од сите статистички региони, да дискутираат, учат и креираат сопствени препораки за локалните политики кои ги засегаат младите.
Изборот на учесници беше направен според параметрите од пописот во 2021 за структурата на учесниците да може да ја преслика структурата на младите на возраст од 15 до 24 години.
Процесот беше структуриран низ неколку фази:
Препораките се наменети за политичките партии и нивните програми за претстојните локални избори во 2025 година, со цел во нив да бидат вклучени реални, информирани и автентични младински приоритети. Тие се формулирани на начин што овозможува флексибилна примена на ниво на различни општини, а во исто време содржат конкретност и насока што ја прават политички релевантна и програмски употреблива.
Со овој процес, младите покажаа дека кога им се даде простор, време и поддршка, тие можат да учествуваат соодветно и одговорно во креирање на политики што ги засегаат нив и нивните заедници.
Проектот „LEAP - Локално учество, активизам и демократија” е поддржан од Фондацијата Центар за демократија во рамки на проектот Regional Youth Dialogue for Europe, финансиран од Европска Унија.