UPSHIFT Низ училишните ходници: ОСТУ „Наце Буѓони", Куманово

Почетна - UPSHIFT Низ училишните ходници: ОСТУ „Наце Буѓони", Куманово
May 11, 2026

UPSHIFT Низ училишните ходници: ОСТУ „Наце Буѓони", Куманово

Роботи кои чистат. Млади кои мислат.

низ училишните ходници (6).png

Секојдневните слики на расфрлан отпад низ градот беа доволна причина група ученици од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово да одлучат дека сакаат да направат нешто конкретно за својата околина. Андреј, Матеј, Павел, Кристијан и Јован доаѓаат од техничко училиште и роботиката не им е странска. Но тоа не е причината зошто го направиле ова. Причината е поедноставна — сакале она што го учат да има вистинска примена.

603834998_1301427315360789_3646786717786384850_n.jpg

Според нив, образовниот процес треба да се стреми кон развивање свест и практично решавање на реални проблеми — не само теорија.

IMG_9341.JPG

„Сакавме да ја поттикнеме свеста, но и да ја потсредиме околината во и околу нашето училиште, таму каде што навистина можеме да влијаеме“, велат претставниците на тимот.

605137352_1303098835193637_1982422438061844580_n.jpg

Нивната идеја вклучува три поврзани роботски решенија. Првото возило ја следи состојбата на околината преку различни параметри, како температура и загаденост, а со помош на камера детектира отпад. По пронаоѓањето на отпадокот, информацијата се испраќа до управувач, кој го насочува вториот робот да го собере. Третиот робот е паметна канта за отпадоци која се отвора автоматски преку сензор, со што се намалува директниот допир на човекот со кантата.

Притоа внимавале решението да биде достапно: лесно за користење, разбирливо за секого и видливо — бидејќи свеста за постоење на вакви решенија е исто толку важна колку и самите решенијa.

IMG_9336.JPG

IMG_9343.JPG

За тимот од Куманово, UPSHIFT не бил само рамка за развој на идеја. Бил простор за нешто што, според нив, сè повеќе недостига — вистинска социјализација меѓу млади луѓе со заеднички интереси.

Преку програмата оствариле контакти со врсници од други градови, разменале мислења и изградиле мрежа која може да им користи и надвор од проектот. „Запознавањето со млади кои се заинтересирани за овие теми беше меѓу највредните искуства", велат.

IMG_9352.JPG

Но она што останува е и нешто потивко — чувството на задоволство кога целта е остварена. Доказ ни е дека работејќи на проблемите, растеме и самите.

603894168_1301426752027512_2929178397319566523_n.jpg

Нивното решение е пример како образованието може да излезе надвор од училницата и да стане простор за практична работа, креативност и општествена одговорност. Учениците веруваат дека преку иновативни решенија и младински активизам може да се создадат реални промени — почнувајќи од училишниот двор, локалниот парк, па сè до пошироката заедница.

„Веруваме дека со социјалната иноваци, како нашите автономни роботи, младите можат активно да учествуваат во решавање реални еколошки проблеми.“

IMG_9345.JPG

Програмата UPSHIFT е реализирана од Здружението ЛЕАД во партнерство со УНИЦЕФ, поддржана од Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието, со финансиска поддршка од Шведска.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2026. All Right Reserved By LEAD