
Зелените зони во Виница и околината со години се намалувале, а потребата за нивна обнова расте. Наместо да чекаат институционален одговор, тим млади луѓе од Виница преку UPSHIFT развија дигитално решение со едноставна, но моќна логика: секој купен производ значи засадено дрво.
На Саемот за социјални иновации кој се одржа во Струмица минатата година во рамки на UPSHIFT програмата за интегрирање на социјална иновација во формалното образование, еден тим од Виница ја развиваше својата идеја со која: „Сакавме да ја поврземе екологијата со дигитално решение. Ова е модел за развивање бизнис и иновација."
Внатре во тимот, секој член добил своја улога — поделбата на одговорности и меѓусебната соработка биле дел од процесот на учење исто колку и самата идеја. Па така, членовите на тимот на самиот саем креираа веб-страна која служи за пријавување волонтери за еко-акции за садење дрва и истовремено е поврзана со бизнис модел кој предвидува спонзорства за набавка на материјали и ресурси.
За Лука, Бојан, Јане и Тамара UPSHIFT донел нешто многу вредно — практично искуство кое тешко се стекнува во училница: презентирање пред публика, соработка под притисок и самодоверба која расте постепено, со секој следен чекор.
„Не може одеднаш да ни се роди самодоверба кај сите — вака се стекнува.“
Неочекуваното за нив била средбата со ученици од други градови на саемот, споделувањето искуства и сознанието дека нивната идеја навистина може да продолжи да живее. Импресионирани од работата на другите тимови, добиле дополнителна мотивација да продолжат со уште поголем ентузијазам.
„Ни се смени мислењето дека можеме како млади да остваруваме идеи."
Досега, тимот реализирал неколку разговори за потенцијални соработки и продолжува да вложува напори за одржување на нивната иницијатива. Во меѓувреме, со волонтери од училиштето и околината, остварени се неколку акции за засадување дрвја и цвеќиња низ училишниот двор.

Останете во тек со Tree Shop на следниот линк: https://www.souvancoprke.edu.mk/treeshop/ , а ние ве охрабруваме да им пристапите и да бидете дел екипата која ја бои иднината зелена.
Она што го започнале неколку ученици од Виница, не планираат да го завршат сами. Идејата е вградена во систем кој може да расте без нив и кој вреди колку секое засадено дрво. Виница веќе е позелена — и тоа е само почеток.
Програмата UPSHIFT е реализирана од Здружението ЛЕАД во партнерство со УНИЦЕФ, поддржана од Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието, со финансиска поддршка од Шведска.