Учеството на научните институции е клучно за одржливоста на иновациските проекти. Во рамките на нашите 6 Иновациски кампови, секој камп беше поврзан со специфичен предизвик поставен од научните институции. Оваа соработка обезбеди не само академска релевантност туку и практична применливост на решенијата кои студентите ги развија.
Институции и Предизвици:
Значењето на вклученоста на научните институции:
1. Обезбедување на релевантност: Научните институции имаат длабоко разбирање на предизвиците со кои се соочуваат. Тие ги дефинираат проблемите кои се релевантни и значајни за општеството. На пример, Македонското еколошко друштво има долгогодишно искуство во следење на движењето на балканскиот рис и можат да обезбедат вредни податоци и насоки на студентите. 2. Понуда на експертиза и ресурси: Научните институции обезбедуваат експертиза која е неопходна за развој на одржливи решенија. Во соработка со Ботаничката Градина Скопје, студентите имаа пристап до научни податоци и ресурси кои им помогнаа да развијат ефективни стратегии за промоција. 3. Поддршка за имплементација: Без поддршка од научните институции, имплементацијата на победничките решенија би била многу потешка. Националниот Парк Галичица, на пример, може да обезбеди реални услови за тестирање и имплементација на промотивните стратегии развиени од студентите. 4. Одржливост и продолжување на проектите: Научните институции обезбедуваат континуитет и одржливост на проектите. Со поддршка на Хидробиолошкиот Завод Охрид, студентите можат да продолжат да работат на визуелизација на податоци, што ќе има долгорочни придобивки за заштита на езерата.