ШТО Е SERVICE LEARNING
Service Learning (служба за заедницата) е едукативен пристап каде што ученикот ја поврзува теоријата и знаeњата стекнати во училишните клупи преку конкретна активност и проект кој е наменет за влијание во општеството, односно го користите она што го учите на училиште за да направите проект со кој позитивно ќе придонесете кон вашата околина.
ЗА ПРОЕКТОТ YOU(TH) ARE ALLRIGHT!
Проектот „You(th) are ALLRIGHT!” го адресира правото за значајно учество на младите во општеството и прашањето за нивната недоволна вклученост во решавањето на проблемите на заедницата. Главната цел на проектот е да се придонесе за значајно учество на младите во општеството, како нивно демократско право.
Преку проектот се спроведува програма за демократска иницијатива во 10 средни училишта во Северна Македонија користејќи ги методите на Service Learning, каде учениците ги применуваат вештините стекнати во училиште, преку наставата, за реализација на проекти кои прават позитивни промени во заедницата.
Проектот се базира на сеопфатна и практична едукативна програма за демократско учество врз која ќе се спроведуваат активностите. Вкупно 10 ученички тимови од средни училишта ќе имаат можност да спроведат свои проекти со кои ќе адресираат одредени општествени предизвици, притоа применувајќи ги знаењата и вештините стекнати преку наставата во средните училишта.
ЗАПОЗНАЈ ГИ ТИМОВИТЕ
СУГС „Браќа Миладиновци“- Скопје
Назив на тим: Garden Service All Time
СУГС „Георги Димитров"- Скопје
Назив на тим: Terra
ОСТУ Гостивар
Назив на тим: Брзо, лесно, без чекање
СОУ „Гостивар“- Гостивар
Назив на тим: Blue Puzzle
СОУ „Гоце Делчев"- Куманово
Назив на тим: Екорпа
ССОУ „Димитрија Чуповски“- Велес
Назив на тим: Медикус
СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
Назив на тим: ЕКО Школо
СОУ „Крсте Петков Мисирков“- Демир Хисар Назив на тим: Шумарски техничари
СУГС „Никола Карев“-Скопје
Назив на тим: Хумани срца
СОУ „Таки Даскало“- Битола
Назив на тим: Волонтери
Проектот YOU(th) are ALLRIGHT!, поддржан од EU Civil Resilience Mechanism (CRM), во рамките на проектот финансиран од ЕУ “Technical Assistance for improving the enabling environment for Civil Society Organisations in the Republic of North Macedonia”