10 години LEAD – враќаме назад во заедницата

Почетна - 10 години LEAD – враќаме назад во заедницата
undefined NaN, NaN

10 години LEAD – враќаме назад во заедницата

Оваа година LEAD одбележува 10 години постоење. Во изминатата деценија, низ нашите програми, проекти и иницијативи, многу млади луѓе, наставници, училишта и граѓански организации добија можност да учат, да се развиваат и да ги реализираат своите идеи.

Ова беше возможно благодарение на нашата голема заедница на обучувачи, ментори, фасилитатори, експерти, психолози, младински работници, партнери, соработници и волонтери, кои го вложуваа своето време, знаење и искуство.

По повод 10-годишнината, сакаме да ја активираме оваа заедница уште еднаш и да вратиме назад во заедницата. Заедно со нашите соработници подготвивме серија бесплатни активности со можност за учење, развој, поддршка и нови искуства.

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА

Што подготвивме?

🤖 Пет AI асистенти, еден наставник

Датум: 30.10.2026

Место: Онлајн

Времетраење: 2 часа

Број на учесници: Согласно интересот

За кого: Наставници

Практична работилница за ChatGPT, Claude, Gemini, Qwen и DeepSeek и нивната примена во секојдневната наставничка работа. Наместо само да ги претставуваме алатките, ќе работиме на реални наставнички задачи и ќе креираме материјали кои можат веднаш да се применат во наставата.

🧭 Кариерно насочување за млади

Датум: 22.10.2026

Место: Битола, со физичко присуство

Број на учесници: 10

Возраст: 17–23 години

Интерактивна сесија за кариерно насочување преку тестови на личност, дискусии и практични активности. Учесниците ќе имаат можност подобро да ги запознаат своите интереси, силни страни и потенцијали, да истражат различни кариерни насоки и да добијат поголема јасност при изборот на својот кариерен пат.

💼 Индивидуално кариерно советување за средношколци

Датум: По договор со учесниците, во втора половина на ноември

Место: Битола, со физичко присуство или онлајн доколку сте од друг град

Број на учесници: 2 средношколци

Број на средби: До 3–4 средби по учесник

Целосен процес на индивидуално кариерно советување, прилагоден на потребите на секој средношколец. Во зависност од тоа што му е потребно на учесникот, процесот може да опфати кариерно насочување, информирање, истражување на образовни и кариерни можности, поддршка при донесување одлуки и планирање на следните чекори.

🧠 Индивидуална психолошка поддршка за млади

Датум: 15.10.2026 и 05.11.2026

Место: Скопје, со физичко присуство

Термини: 18:00 до 19.00 и 19:00 до 20.00 часот

Времетраење: 60 минути по сесија

Број на учесници: 4

За кого: Средношколци и студенти

Индивидуални сесии за поддршка на млади во теми поврзани со менталното здравје, личниот раст и развој и секојдневните предизвици. Темите може да вклучуваат прокрастинација, перфекционизам, грижа за себе, самодоверба, анксиозност, панични напади и други теми значајни за младите.

🌱 Образование за климатски промени

Датум: 28.10.2026

Место: Онлајн

Времетраење: 45 минути

Број на учесници: 15

За кого: Граѓански организации, младински центри и младински работници

Практична обука за тоа како да работиме со млади на теми поврзани со климатските промени. Преку интерактивни активности, дискусија и практични примери ќе истражуваме како сложените теми поврзани со климата можат да се претворат во интересни и применливи активности за млади.

🤝 Волонтерство, младинска работа и врсничко образование

Датум: 20.10.2026

Место: Онлајн

Времетраење: 90 минути

Број на учесници: 25

Возраст: 15–29 години

Интерактивна работилница за запознавање со волонтерството, младинската работа и врсничкото образование. Преку практични активности, дискусија и размена на искуства, учесниците ќе истражуваат како можат да се вклучат, да стекнат нови знаења и вештини и активно да придонесат во својата заедница.

⚧️ Родови улоги и родово базирано насилство

Датум: 20.10.2026

Место: Онлајн

Број на учесници: 15

За кого: Млади

Онлајн работилница посветена на родовите улоги, стереотипите, родовата еднаквост и родово базираното насилство. Преку интерактивни активности и дискусија, учесниците ќе имаат можност да ги преиспитаат родовите очекувања, да ги препознаваат различните форми на родово базирано насилство и да разговараат за начини на превенција.

🚀 Вештини и можности за активно учество

Датум: 20.10.2026

Место: Онлајн

Број на учесници: Согласно интересот

За кого: Млади

Практична работилница која опфаќа теми како проектен менаџмент, изработка на CV и мотивационо писмо, волонтерство, граѓански активизам и граѓански и младински иницијативи. Учесниците ќе добијат конкретни знаења и алатки кои можат да ги применат во својот личен и професионален развој, како и во активното учество во заедницата.

❤️ Сите активности се бесплатни!

Бројот на места е ограничен, затоа пријавете се навреме.

Пријавувањето е најдоцна до 10.10.2026

👉 Пријави се преку СЛЕДНИОВ ФОРМУЛАР

10 години LEAD – 10 години учиме, поврзуваме и создаваме можности❤️

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2026. All Right Reserved By LEAD