ПОВИК ЗА КООРДИНАТОР ЗА ЕДУКАЦИСКИ ПРОГРАМИ

Почетна - ПОВИК ЗА КООРДИНАТОР ЗА ЕДУКАЦИСКИ ПРОГРАМИ
Jul 6, 2025

ПОВИК ЗА КООРДИНАТОР ЗА ЕДУКАЦИСКИ ПРОГРАМИ

Доколку си личност која сака да работи со млади, наставници и училишта и сака да води креативни едукативни програми, тогаш ова е повикот за тебе!

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) бара Координатор/ка за образовни програми кој/а ќе биде дел од нашиот тим и ќе се вклучи во координирање и развивање на програмите што ги реализираме.

Што ќе работиш?

Како координатор/а, ќе бидеш одговорен/а за координација и поддршка на:

  • најГЛАСни! – иницијатива за наградување на средношколско учество;
  • Service Learning – поддршка на ученички тимови што реализираат проекти за општествена корист;
  • Изборологија – промоција и организација на едукативната игра за локална демократија;
  • Клуб на наставници – комуникација и поддршка на мрежата на наставници вклучени во програмата;
  • Други образовни и членски програми и проекти на ЛЕАД одобрени од донаторите во наредниот период.

Што очекуваме од тебе?

  • Да имаш искуство (а и силен интерес) за работа во образованието, неформалното учење и/или младинска работа;
  • Да си организирана, одговорна и комуникативна личност;
  • Да си отворен/а за учење и фидбек
  • Познавање на работа со наставници и ученици е плус, но не и услов.

Што нудиме?

  • Динамична средина исполнета со активности и работа со млади луѓе
  • Редовен фидбек за перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој
  • Канцелариски простор за работа со обезбеден компјутер и опрема
  • Флексибилност во работното време, со можност за комбинирање теренска, канцелариска и работа од дома

Позицијата се базира на 40 часа неделно работно време.

Аплицирањето за позицијата се врши со испраќање на CV и Мотивациско писмо на следната електронска адреса – info@lead.org.mk

Рокот за испраќање на апликациите е 3 август. Почеток на ангажман: 1 септември 2025

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2025. All Right Reserved By LEAD