Во рамки на програмата „Клуб за наставници“, нудиме можност за наставници да земат учество на две обуки за градење на нивните капацитети, кои опфаќаат теми важни за кариерниот развој на наставниците.
Обука 1: ИНТЕГРИРАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ И КАРИЕРНОТО СОВЕТУВАЊЕ ВО НАСТАВАТА
„За некои луѓе ова е најдобро време. За други ова е најлошо време. Правилата на игра се менуваат без најава без предупредување. Треба да бидеме подготвени!“, Чарлс Дикенс
Дали нашите ученици се подготвени за предизвиците на новото време кои доаѓаат без предупредување?
Како наставници, да бидеме нивна инспирација. Да ги освестиме што знаат, што можат, што сакаат. Да им го дадеме мотивот за да веруваат во себе и своите способности. Да ги научиме како да ги искористат своите вештини за да се доближат до пазарот на трудот на начин кој е за нив најсоодветен. Да бидеме водилка во потрагата на нивната кариерна патека.
Оваа он-лајн обука за наставници на тема ИНТЕГРИРАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ И КАРИЕРНОТО СОВЕТУВАЊЕ ВО НАСТАВАТА , ќе ве воведе во светот на кариерниот развој и во вештините за креирање настава која иницира професионален развој и професионална ориентација на учениците.
Обуката ќе се одржи на 23.11.2022 година, од 17.00 до 20 часот на платформата ZOOM.
Обука 2: ИНТЕГРИРАНА СТЕМ НАСТАВА СО ПРИОД КОН НЕСТЕМ ПРЕДМЕТИТЕ
Обуката “Интегрирана СТЕМ настава со приод кон неСТЕМ предметите” преку презентација, интеракција, игри и практични активности ќе ви даде одговор на прашањата: Што е СТЕМ или СТЕ(А)М? Зошто е потребна интеграцијата? Кои се можностите? Учење базирано на проблем или решавање проблеми? Како да се примени во наставата?
Нејзината главна цел да ги запознае учесниците со потребата и да развие основни вештини за примена на иновативни образовни трендови кои се однесуваат на интегрирана СТЕМ настава, но уште повеќе и интегрирање на СТЕМ (наука-биологија, хемија, физика, ТО, математика) со неСТЕМпредмети (јазик, литература, географија, историја, етика итн.).
Обуката ќе се одржи на 28.11.2022 година, од 17.00 до 20.00 часот на платформата ZOOM.
Пријавувањето за една или за двете обуки можете да го направите најдоцна до 21.11.2022, со пополнување на апликациската форма на ОВОЈ ЛИНК.
Сите избрани учесници ќе добијат сертификат за учество на обуките.