најГЛАСни: Награда за средношколско учество

Почетна - најГЛАСни: Награда за средношколско учество
Feb 1, 2022

најГЛАСни: Награда за средношколско учество

најГЛАСни: Награда за средношколско учество

poster.jpg

Што значи активна средношколска ученичка заедница?

Како ученичката заедница соработува со училишните служби?

Што прави и како ги вклучува учениците?

Какви успеси има и со кои предизвици се соочува?

Раскажи ја приказната за твојата средношколска ученичка заедница и учествувај во повикот за награда за средношколско учество.

Повикот е отворен за сите средношколски заедници од државните и приватни училишта кои во текот на учебната 2021/2022 година биле активни и придонеле за поголемо ученичко учество во донесување на одлуките.

Што претставува наградата за средношколско учество?

Фондација Конрад Аденауер и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, како активни поддржувачи и промотори на ученичкото учество низ изминатите години, ја воведуваат наградата за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси.

Наградата за средношколско учество ќе се доделува на годишно ниво, на ученичките заедници кои демонстрираат активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија. Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците.

Во рамки на овој повик ќе бидат избрани најмногу 3 средношколски заедници кои во изминатиот период со своето делување придонеле за средношколското учество во нивните училишта и кои имаат план и визија за периодот кој следува.

Како да се пријавите?

Пријавување за наградата се врши електронски со пополнување на пријавата на следниот ЛИНК. Пријавата мора да е целосно и детално пополнета заедно со пропратните документи кои се бараат во истата. Таа мора да биде пополнета од страна на ученик/ученици и одговорен наставник кои се дел од раководството на средношколската ученичка заедница во рамки на училиштето.

Рокот за пријавување истекува на 20.02.2022 година.

Како ќе се изберат победниците?

Победниците ќе бидат избрани на врз основа на точно одредени критериуми од страна на 3 члена комисијата составена од: претставник на КАС, претставник на ЛЕАД и претставник на Сојузот на средношколци.

Критериумите за избор се следни:

  • Уреденост и начин на функционирање на ученичката заедница – максимум 25 поени
  • Степен на влијание и учество во консултации и носење на одлуки во рамки на училиштето – максимум 25 поени
  • Степен на активност во спроведување на различни активности и вклучување на учениците во истите – максимум 20 поени
  • Квалитет на предложената иницијатива која би се реализирала со освоената награда- 10 поени

Од вкупно добиените апликации, ќе бидат селектирани 4 до 6 финалисти, кои ќе бидат известени најдоцна до 01.03.2022.

Финалистите ќе бидат поканети да присуствуваат на завршен дводневен настан кој ќе се одржи во средината на месец март 2022 година. Секој финалист ќе биде составен од четири претставника (три ученика и одговорниот наставник) од избраните ученички заедници. На дво-дневниот настан финалистите ќе имаат можност да ја претстават работата на средношколската ученичка заедница, од каде што 3 средношколски ученички заедници ќе бидат наградени.

Од што се состои наградата?

Секоја наградена училишна заедница ќе добие признание, плакета и банер со наградата и со логото и името на нивната ученичка заедница.

Трите ученички заедници, покрај признанието, ќе добијат финансиска поддршка во висина од 10.000 МКД за реализација на активност во рамки на своето училиште до крајот на учебната година 2021/2022. Покрај ова тие ќе добијат насоки и менторство од страна на ЛЕАД, КАС и ССРСМ за како да ја подобрат својата работа и како да ја спроведат замислената активност/иницијатива.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD