Што значи активна средношколска ученичка заедница? Како ученичката заедница соработува со училишните служби? Што прави и како ги вклучува учениците? Какви успеси има и со кои предизвици се соочува?
Раскажи ја приказната за твојата средношколска ученичка заедница и учествувај во повикот за најГЛАСни! - награда за средношколско учество.
Повикот е отворен за сите средношколски заедници од државните и приватни училишта кои во текот на учебната 2022/2023 година биле активни и придонеле за поголемо ученичко учество во донесување на одлуките.
Што претставува наградата за средношколско учество?
Фондација Конрад Аденауер и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, како активни поддржувачи и промотори на ученичкото учество низ изминатите години, ја воведуваат наградата за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси.
Наградата за средношколско учество се доделува на годишно ниво, на ЕДНА ученичка заедница која демонстрира активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија. Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците.
Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците.
Првата награга за ученичко учество за учебната 2021/2022 година беше доделена на :
Како да се пријавите?
Пријавување за наградата се врши електронски со пополнување на пријавата на следниот ЛИНК. Пријавата мора да е целосно и детално пополнета заедно со пропратните документи кои се бараат во истата. Таа мора да биде пополнета од страна на ученик/ученици и одговорен наставник кои се дел од раководството на средношколската ученичка заедница во рамки на училиштето.
Рокот за пријавување истекува на 23.04.2023 година. .
Што следува по истекување на рокот за аплицирање?
По истекот на рокот сите апликации ќе бидат оценувани и од нив ќе се селектираат 6 финалисти кои од 9 до 11 мај во Велес на финалниот настан ќе имаат можност да се претстават пред жири комисија.
Секој финалист ќе биде составен од четири претставника (три ученика и одговорниот наставник) од избраните ученички заедници. На три-дневниот настан финалистите ќе имаат можност да ја претстават работата на средношколската ученичка заедница .
Кои се критеирумите за избор на финалистите?.
Критериумите за избор се следни:
Примери за ученичко учество
Ученичкото учество во нашата земја сеуште не е докрај развиено и често постојат погрешни разбирања за што претставува истото:
Пример за вистинско учество: Училишната заедница дискутира на состанок за тоа како да го придонесе за намалување на врсничкото насилство (булинг). На состанокот се носат низа заклучоците кои се испратени до директорот и училишните служби каде потоа на заеднички состанок се усвојуваат и се реализираат.
Пример кој не претставува вистинско учество: Училиштето/наставниците на состанок на училиштата заедница предлагаат заедницата да организира настан за одбележување на денот на правата на децата. Учениците се целосно ангажирани во реализација на активности и поради тоа не можат да дискутираат за решавање на предизвиците на учениците.
Од што се состои наградата?
Наградената училишна заедница ќе добие признание, плакета и банер со наградата и со логото и името на нивната ученичка заедница.
Наградената ученичка заедница, покрај признанието, ќе добие и финансиска поддршка во висина од 30.000 МКД за реализација на активност во рамки на своето училиште до крајот на 2023 година. Покрај ова тие ќе добијат насоки и менторство од страна на ЛЕАД и КАС за како да ја подобрат својата работа и како да ја спроведат замислената активност/иницијатива.
Индикативна временска рамка на целиот процес:
Целосни критериуми за избор се следните
УРЕДЕНОСТ И НАЧИН НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УЧЕНИЧКАТА ЗАЕДНИЦА:
ВКУПЕН БРОЈ НА МОЖНИ ПОЕНИ 25
СТЕПЕН НА ВЛИЈАНИЕ И УЧЕСТВО ВО КОНСУЛТАЦИИ И НОСЕЊЕ НА ОДЛУКИ ВО РАМКИ НА УЧИЛИШТЕТО:
ВКУПЕН БРОЈ НА МОЖНИ ПОЕНИ 25
СТЕПЕН НА АКТИВНОСТ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ АКТИВНОСТИ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ИСТИТЕ:
ВКУПЕН БРОЈ НА МОЖНИ ПОЕНИ 20