ПОВИК: најГЛАСни! Награда за средношколско учество

Почетна - ПОВИК: најГЛАСни! Награда за средношколско учество
Feb 27, 2024

ПОВИК: најГЛАСни! Награда за средношколско учество

најГЛАСни повик и финалисти.png Што значи активна средношколска ученичка заедница? Како ученичката заедница соработува со училишните служби? Што прави и како ги вклучува учениците? Какви успеси има и со кои предизвици се соочува?

Раскажи ја приказната за твојата средношколска ученичка заедница и учествувај во повикот за најГЛАСни! - награда за средношколско учество.

Повикот е отворен за сите средношколски заедници од државните и приватни училишта кои во текот на учебната 2023/2024 година биле активни и придонеле за поголемо ученичко учество во донесување на одлуките.

Што претставува наградата за средношколско учество?

Фондација Конрад Аденауер, Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, Сојуз на средношколци и Агенција за млади и спорт, како активни поддржувачи и промотори на ученичкото учество низ изминатите години, ја доделуваат наградата за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси.

Наградата за средношколско учество се доделува на годишно ниво, на ЕДНА ученичка заедница која демонстрира активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија. Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците.

Наградата за ученичко учество за учебната 2022/2023 година беше доделена на СОУ „Јосип Броз - Тито“ - Битола.

Како да се пријавите?

Пријавување за наградата се врши електронски со пополнување на пријавата на следниот ЛИНК. Пријавата мора да е целосно и детално пополнета заедно со пропратните документи кои се бараат во истата. Таа мора да биде пополнета од страна на ученик/ученици и одговорен наставник кои се дел од раководството на средношколската ученичка заедница во рамки на училиштето.

Рокот за пријавување истекува на 17.03.2024 година.

Што следува по истекување на рокот за аплицирање?

По истекот на рокот сите апликации ќе бидат оценувани и од нив ќе се селектираат 6 финалисти кои од 1 до 3 април во Велес на финалниот настан ќе имаат можност да се претстават пред жири комисија.

Секој финалист ќе биде составен од четири претставника (три ученика и одговорниот наставник) од избраните ученички заедници. На тридневниот настан финалистите ќе имаат можност да ја претстават работата на средношколската ученичка заедница.

Кои се критериумите за избор на финалистите?.

Критериумите за избор се следни:

  • Уреденост и начин на функционирање на ученичката заедница – максимум 25 поени
  • Степен на влијание и учество во консултации и носење на одлуки во рамки на училиштето – максимум 25 поени
  • Степен на активност во спроведување на различни активности и вклучување на учениците во истите – максимум 20 поени

Примери за ученичко учество

Ученичкото учество во нашата земја сѐ уште не е докрај развиено и често постојат погрешни разбирања за што претставува истото.

Пример за вистинско учество: Училишната заедница дискутира на состанок за тоа како да го придонесе за намалување на врсничкото насилство (булинг). На состанокот се носат низа заклучоци и предлози кои се испратени до директорот и училишните служби каде потоа на заеднички состанок се усвојуваат и се реализираат.

Повеќе информации за улогата на ученичката заедница има на следното ВИДЕО.

Пример кој не претставува вистинско учество: Училиштето/наставниците на состанок на училиштата заедница предлагаат заедницата да организира настан за одбележување на денот на правата на децата. Учениците се целосно ангажирани во реализација на активности и поради тоа не можат да дискутираат за решавање на предизвиците на учениците.

Од што се состои наградата?

Наградената училишна заедница ќе добие признание, плакета и банер со наградата и со логото и името на нивната ученичка заедница.

Наградената ученичка заедница, покрај признанието, ќе добие и финансиска поддршка во висина од 30.000 МКД за реализација на активност во рамки на своето училиште до крајот на 2024 година. Покрај ова тие ќе добијат насоки и менторство од страна на ЛЕАД и КАС за како да ја подобрат својата работа и како да ја спроведат замислената активност/иницијатива.

Индикативна временска рамка на целиот процес:

  • Објавување на повик за Награда за средношколско учество- 28 февруари
  • Онлајн информативна сесија за повикот- 5 март (Пријави се на информативната сесија на следниот ЛИНК)
  • Финален рок за аплицирање- 17 март
  • Известување за избрани финалисти- 23 март
  • Завршен настан за финалисти и избор на средношколски ученички заедници- 1-3 април
  • Реализација на иницијатива на наградената средношколска ученичка заедница- септември-декември 2024

Целосни критериуми за избор се следните

УРЕДЕНОСТ И НАЧИН НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УЧЕНИЧКАТА ЗАЕДНИЦА:

  • Дали ученичката заедница е уредена во рамки на статутот на училиштето или поседува правилник со кој јасно се уредува нејзината улога? 3 поени
  • Дали ученичката заедница соодветно самостојно планира и поседува годишни планови за работа? 4 поени
  • Дали ученичката заедница на демократски начин (тајно од страна на сите ученици на училиштето) ги избира своите претставници без влијание на раководството? 6 поени
  • Дали ученичката заедницата редовно одржува состаноци за својата работа и свикува состаноци самостојно врз основа на потребите на учениците? (редовно значи најмалку 1 месечно или повеќе) 5 поени
  • Дали од состаноците се водат уредни записници, и истите потоа се споделени со останатите ученици во училиштето? 4 поени
  • Дали состаноците се водени од страна на учениците, а не од наставниците или друг наставен кадар? 4 поени

ВКУПЕН БРОЈ НА МОЖНИ ПОЕНИ 25

СТЕПЕН НА ВЛИЈАНИЕ И УЧЕСТВО ВО КОНСУЛТАЦИИ И НОСЕЊЕ НА ОДЛУКИ ВО РАМКИ НА УЧИЛИШТЕТО:

  • Колку често на состаноците на ученичката заедница се дискутираат релевантни и суштински теми поврзани со учеството на ученици? 5 поени
  • Колку често учениците усвојуваат и комуницираат предлози кои се наменети за раководството на училиштето? 5 поени
  • Дали некој од предлозите упатени кон училишното раководство се прифатени и реализирани? 5 поени
  • На кој начин ученичката заедница ги вклучува останатите учениците во училиштето кои не се дел од раководство? 5 поени
  • Колку често училиштето ги консултира учениците за релевантни теми за ученичкото учество? 5 поени

ВКУПЕН БРОЈ НА МОЖНИ ПОЕНИ 25

СТЕПЕН НА АКТИВНОСТ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ АКТИВНОСТИ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ИСТИТЕ:

  • Колку често училишната заедница спроведува различни активности за учениците? 5 поени
  • Дали активностите кои се реализираат потекнуваат од самите ученици или се наметнати од училишните служби? 5 поени
  • До кој степен активностите кои се организираат поттикнуваат учество во донесување на одлуки? 5 поени
  • Дали во активностите се вклучени и учениците кои не се дел од раководството на училиштето? 5 поени

ВКУПЕН БРОЈ НА МОЖНИ ПОЕНИ 20

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD