Повик за локални младински иницијативи на тема циркуларна економија и справување со отпад
Имаш идеја со која можеш да придонесеш за подобрување на твојата локална заедница? Токму сега е моментот да станеш херој на твојата заедница!
Те повикуваме да земеш учество во највозбудливиот локален предизвик досега! Доколку имаш иновативна идеја за заштита на животната средина преку користење на концептот на циркуларна економија, ова е совршената можност за тебе.
ШТО БАРАМЕ?
Бараме млади кои имаат ентузијазам и креативни идеи и иницијативи за решавање на локални предизвици поврзани со животната средина, насочени кон:
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Ги покануваме сите млади од Скопје, Велес, Кривогаштани, Гостивар, Битола, Охрид, Македонски Брод и Валандово, на возраст од 15 до 29 години, кои сакаат да спроведат локална иницијатива. Формирај тим од пет лица со твоите врсници, аплицирај за учество во проектот и придонеси за твојата заедница. Изборот на тимот кој ќе ја добие можноста да ја реализира својата локална иницијатива ќе се заснова на следните критериуми:
ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ?
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Многу едноставно! Пополнете ја апликациската форма достапна на СЛЕДНИОВ ЛИНК најдоцна до 20 ноември 2025 година.
ШТО ПРЕТСТАВУВА ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА?
Циркуларната економија е начин на размислување и живеење каде се трудиме повторно да ги употребиме ресурсите или да користиме ресурси кои се сметаат за отпад на значаен начин, притоа обидувајќи се да не креираме дополнителен отпад и да ги користиме предметите колку што е можно подолго време. Циркуларната економија е модел кој цели да ги намали штетните влијанија кон природата и да ги зачува ресурсите.
За разлика од традиционалната економија каде што земаме ресурси, произведуваме нешто, го користиме, а потоа го фрламе (линеарна економија), циркуларната економија функционира како циклус со цел да го минимизира отпадот и потрошувачката на ресурси.
Во циркуларната економија:
ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Не чекај – време е за акција! Аплицирај сега и биди дел од генерацијата која ќе го промени светот!
Овој повик е дел од проектот "Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија", финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита. Неговата содржина е единствена одговорност на ЛЕАД и не ги одразува ставовите на Европската унија.