За потребите на проектот LEAP - Локално учество, активизам и вклученост, Здружение Лидери за едукација, активизам и развој отвора повик за доставување на понуди од ИТ компании за развој на веб-апликација за игра, која ќе биде достапна и оптимизирана за мобилни уреди. Играта има едукативен карактер и е насочена кон зголемување на знаењето на младите за локалната самоуправа во С.Македонија.
КРАТОК ОПИС НА ИГРАТА
Играта e интерактивна и едукативна игра наменета за еден играч, која го запознава играчот со функционирањето на локалната власт во Македонија. Играта вклучува два дела и тоа:
- Прв дел, каде играчот ја презема улогата на градоначалник кој се соочува со важни одлуки поврзани со 5 категории - граѓани, политичката партија, медиуми, општински совет и приватен живот, со цел да ја одржи рамнотежата на репутацијата во овие пет области. Преку однапред избрани сценарија во вид на прашања, играта нуди понудени одговори, а секој избор директно влијае на репутацијата на играчот во различни области. Сценаријата симулираат реални предизвици во кои се носат одлуки со различна тежина, додека комплицираноста на сценаријата расте низ четирите нивоа кои претставуваат четиригодишен мандат. Играта нуди можност за стратешки пристап и ја унапредува способноста на играчите за носење одлуки, истовремено обезбедувајќи подлабоко разбирање на динамиката на локалната самоуправа.
Примери за содржина која би претставувала прашање/сценарио во играта:
Инвеститор сака да гради згради во општината и сака да го финансира ДУП-от. Градењето на згради не е противзаконски и ќе донесе екстра приходи за општината. Но на граѓаните ќе им одземе дел од зеленилото. Што ќе направиш?
- Ќе дозволам да се започне процедура (+5 репутацијата кај советот, -5 кај граѓаните)
- Нема да дозволам да се започне процедура (+5 репутација кај граѓаните, -5 кај советот)
- Втор дел, кој опфаќа краток квиз кој го испитува стилот на владеење на играчот, преку низа на прашања без точен одговор. На крајот од квизот, според неговите избори, играчот го добива резулатот кој опфаќа објаснување за стилот на владеење
ПОТРЕБНИ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
Веб-апликацијата треба:
- Да има мобилна и веб-компатибилност
- Да овозможи логирање преку e-mail, Facebook и Google
- Да нуди можност за пауза и продолжување на играта
- Да овозможи интерактивно искуство преку одговарање на прашања со однапред понудени опции
- Да поддржува случајно прикажување на прашања од претходно дефиниран базен на прашања (најмалку 200)
- Да ги следи промените на репутацијата на играчот во 5 области/скалила
- Да биде распоредена на четири нивоа
- Да вклучува механизам за Power Up и дополнителни предизвици кога репутацијата ќе падне на критично ниво
- Да содржи квиз за одредување на стилот на управување
Дизајн и визуелизација
Визуелниот дизајн ќе биде дефиниран во соработка со избраниот изведувач, но играта треба да биде едноставна за корисникот и лесна за навигација.
Понудата треба да вклучува:
- Временска рамка за имплементација
- Финансиска понуда (со објаснување на цената)
- Генерална техничка спецификација за развој на играта
Компанијата која доставува понуда е потребно да:
- Има најмалку 3 години искуство во развој на мобилни и веб-апликации
- Да поседува портфолио на слични проекти
- Да биде отворена за дополнителна комуникација во тек на имплементација
Вашата понуда потребно е да ја доставите на nvolead@gmail.com
Рокот за доставување понудите e 25.12.2024.
Изборот на компанијата ќе биде направен согласно спроведена евалуација на добиените понуди и нивно бодување:
- Исполнителност на критериумите- 20 поени
- Најниска финансиска понуда- 50 поени
- Квалитет на доставената понуда и спецификација- 30 поени
За дополнителни информации можете да се обратите на nvolead@gmail.com
Оваа активност е дел од проектот LEAP - Локално учество, активизам и вклученост, имплементиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој со финансиска поддршка од Европската унија преку Фондацијата Центар за демократија како координатор на проeктот „Регионален младински дијалог за Европа“,како дел од програмата EU Civil Society Facility and Media Programme in favour of the Western Balkans and Turkey for 2021-2023 (IPA III).