ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ

Почетна - ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ
Sep 30, 2025

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за хотелско сместување, исхрана и сала за настан

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој објавува јавен повик за доставување понуди за потребите на организација на настан во рамки на UPSHIFT програмата, кој ќе се одржи во периодот од 17 до 19 декември 2025 година.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која ги поттикнува младите да идентификуваат реални локални проблеми поврзани со животната средина и климатските промени и да развијат одржливи решенија за подобрување на училиштата и локалните заедници. Настанот се реализира во соработка со УНИЦЕФ и ќе вклучи учество на средношколски тимови од различни градови во државата.

Во рамки на настанот е предвиден саем на социјални иновации, на кој ќе учествуваат 28 тимови од средни училишта, кои ќе ги презентираат своите решенија пред претставници на институции, општини, училишта и други релевантни чинители. Настанот ќе вклучи изложба на решенија, кратки презентации од тимовите, дискусија и простор за вмрежување.

Предмет на повикот е обезбедување хотелско сместување, исхрана и сала за работа/настан за вкупно 210 лица.

1. Предмет на набавка

Понудата треба да опфати:

  • Сместување со полн пансион за 210 лица, за две ноќи, во периодот од 17 до 19 декември 2025 година;
  • Исхрана со прв оброк ручек и последен оброк доручек;
  • Можност за вегетаријанска и веганска храна во рамки на оброците;
  • Користење сала со капацитет до 210 лица, опремена со платно и проектор;
  • Простор соодветен за презентации, изложба на решенија и работа со учесници;
  • Дополнителни услуги поврзани со настанот, како кафе паузи, вода за во сала, безалкохолни пијалоци и екстра ручек.

2. Потребни спецификации

Понудувачите треба да достават цени за следните ставки, согласно приложениот образец за понуда:

  1. Сместување со полн пансион, учесниците сместени во еднокреветни соби, две ноќи, прв оброк ручек, последен оброк доручек (оброците да вклучуваат веганска и вегетаријанска храна). (Цена по ноќ)
  2. Сместување со полн пансион, учесниците сместени во двокреветни соби, две ноќи, прв оброк ручек, последен оброк доручек (оброците да вклучуваат веганска и вегетаријанска храна). (Цена по ноќ)
  3. Сместување со полн пансион, учесниците сместени во трикреветни соби, две ноќи, прв оброк ручек, последен оброк доручек (оброците да вклучуваат веганска и вегетаријанска храна). (Цена по ноќ)
  4. Сместување со полн пансион, четирикреветни соби, две ноќи, прв оброк ручек, последен оброк доручек (оброците да вклучуваат веганска и вегетаријанска храна). (Цена по ноќ)
  5. Екстра ручек да вклучува веганска и вегетаријанска храна. (Цена по лице)
  6. Кафе пауза. (Цена по лице)
  7. Безалкохолни пијалоци, по еден пијалок по учесник по оброк, вкупно . (Цена по лице)
  8. Вода за во сала
  9. Сала за обука со платно и проектор за 210 учесници.

Бидејќи настанот вклучува презентација и изложба на решенија од ученички тимови, понудувачите треба да наведат дали располагаат со:

  • Сала со капацитет до 210 лица;
  • Простор погоден за изложбен дел/поставување на штандови или маси за тимовите;
  • Техничка опрема за презентации, најмалку платно и проектор;
  • Можност за озвучување, доколку е достапно;
  • Простор за регистрација и движење на учесниците;
  • Можност за организација на кафе паузи во близина на салата.

4. Услови за доставување на понудата

Понудата треба да биде доставена во писмена форма и да ги содржи следните информации:

  • Број и датум на издавање на понудата;
  • Понудата да биде адресирана на:
  • Здружение Лидери за едукација, активизам и развој;
  • Валидност на понудата;
  • Цените да бидат изразени во МКД без пресметан ДДВ;
  • Спецификација на достапните капацитети за сместување по тип на соба;
  • Потврда дека објектот располага со сала со капацитет до 210 лица;
  • Информација за опременоста на салата;
  • Информација за можност за обезбедување вегетаријанска и веганска храна;
  • Информација за достапност на простор погоден за изложба/саемски дел.

5. Начин и рок за доставување

Понудите треба да бидат доставени по електронски пат на следната e-mail адреса: nvolead@gmail.com

Краен рок за доставување на понудите е: 10.11.2025, 23:59

6. Напомена

Здружението го задржува правото да побара дополнителни информации или појаснувања од понудувачите, како и да не избере ниту една понуда доколку доставените понуди не одговараат на потребите, условите или расположливиот буџет за настанот.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2026. All Right Reserved By LEAD