Позиција: Едукациски експерт за циркуларна економија
Локација: Северна Македонија
Рок за апликација: 20.01.2025
Почеток на ангажман: 01.02.2025
Времетраење на ангажманот: до април 2025
ПОЗАДИНА
LEAD во партнерство со PIN, Ековита и АРНО започнува иницијатива за подобрување на образованието за циркуларна економија (ЦЕ) преку интеграција на практични активности и претприемништво во наставните програми на 20 средни стручни училишта во Северна Македонија преку проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“. Проектот е финансиран од Европската унија преку Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија ИПА Фонд за граѓанско општество 2022-2023.
Проектот опфаќа 10 училишта со земјоделска/прехранбена струка и 10 училишта со текстилнп/кожарска струка, со цел да се овозможи на наставниците и учениците потребните знаења и вештини за основање и управување со претпријатија базирани на ЦЕ. Оваа иницијатива е насочена кон промовирање на одржливи практики и претприемништво меѓу учениците, со практично искуство кое ќе биде витално за нивната иднина.
ЦЕЛ
Бараме искусен едукациски експерт во циркуларна економија за да:
1.Развие четиридневна програма за обука за наставниците од средни училишта, која вклучува три основни модули:
Модул 1: Вовед во ЦЕ во земјоделско/прехранбено и текстилно/кожарско производство и преработка (1 ден)
Модул 2: Претприемништво и бизнис планирање во ЦЕ со фокус на подобрување на претприемачкиот потенцијал на 20 средни стручни училишта (1.5 дена)
Модул 3: Интеграција на наставни планови/теми за ЦЕ во практичното образование (1.5 дена)
2.Спроведе четиридневна програма за обука на 20 наставници и тоа од 10 средни училишта со земјоделско/прехранбена струка и 10 со текстилно/кожарска струка.
3.Развие 10 наставни планови за ЦЕ (5 за училишта со земјоделско/прехранбена струка и 5 за училишта со текстилно/кожарска струка).
ОПСЕГ НА РАБОТАТА
Избраниот експерт ќе биде одговорен за следниве задачи:
• Развој на програма за обука: Креирање сеопфатна четиридневна програма за обука која ги опфаќа трите предвидени модули. Програмата треба да вклучува интерактивни и практични активности за ангажирање на учесниците и подобрување на нивното разбирање на концептите за циркуларна економија и нивната примена во земјоделството и текстилниот/кожниот сектор. Оваа обука ќе биде заедничка за сите 20 наставници од двете гранки. Пристапот на обуката треба да го земе ова предвид.
• Спроведување на обука: Водење и спроведување на четиридневната програма за обука во март 2025 година за избраните 20 наставници, со цел да се обезбеди дека сите учесници ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за интеграција на практиките на циркуларна економија во нивното предавање и функционирање на училиштата во двата сектори.
• Развој на наставни лекции: Развивање на 10 детални наставни лекции (5 за училишта со земјоделско/прехранбена струка, и 5 за училишта со текстилно/кожарска струка) фокусирани на принципите на циркуларна економија и нивната примена во земјоделско/прехранбената и текстилно/кожнарската струка. Овие наставни лекции треба да бидат практични, интерактивни и дизајнирани да го поддржат наставникот при имплементацијата на наставните планови во нивните часови. Најмалку две од наставните лекции треба да ја вклучуваат методологијата на дизајнерско размислување.
Секоја наставна лекција треба да може да се спроведе во училишен час (40 мин.) и да ги содржи следниве елементи:
• Известување: Да изработи финален извештај со детали за резултатите од обуката, повратни информации од учесниците и препораки за понатамошна интеграција на практиките на циркуларна економија во земјоделско/прехранбената и текстилно/кожарската струка.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
ПРОЦЕС НА АПЛИКАЦИЈА
Сите заинтересирани лица можат да аплицираат на овој повик со испраќање на следниве документи:
Сите документи треба да се испратат по електронски пат на следната е-мејл адреса: info@lead.org.mk, најдоцна до 20.01.2025.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА
ВКУПНО- максимум 100 поени
ЗА ПРОЕКТОТ
Проект: „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија Проектот е финансиран од Европската Унија преку Поддршката од ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА Програма за поддршка на граѓанското општество 2022-2023
Организации кои го спроведуваат проектот: People in Need (ПИН), АРНО, Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD), и Ековита. .
Времетрање: април 15, 2024 - октомври 14, 2026
Проблеми: Управувањето со отпадот во Северна Македонија е особено загрижувачко, со значителни еколошки и општествени предизвици. Отпадот е втор најголем придонесувач за емисиите на стакленички гасови во земјата. Стапките на рециклирање се многу ниски, само 1%, за разлика од просекот во Европската Унија од 44%. Поголем дел од населението не е запознаен со концептот циркуларна економија, а само 15% од бизнисите веруваат дека нивните модели можат да се прилагодат на овој поодржлив пристап.
Транзицијата кон моделот на циркуларна економија е императив не само за намалување на емисиите на стакленички гасови, туку и за усогласување со Зелената агенда на Европската Унија за Западен Балкан, Зелениот договор на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Зајакнатите капацитети и отпорност на граѓанските организации (ГО) и обучените и ангажирани млади за застапување и спроведување иницијативи за климатска одговорност може да ја поддржат Северна Македонија во реализирањето на потенцијалот за циркуларна економија.
Цели: Оваа иницијатива има за цел да ги поттикне граѓанските организации и младите да играат поактивна улога во транзицијата на Северна Македонија кон зелена и одржлива економија, усогласувајќи се со Европскиот зелен договор. Конкретно, акцијата ќе се фокусира на (1) зајакнување на капацитетите и отпорноста на најмалку 35 граѓански организации во областа на циркуларната економија, (2) зголемување на свеста и разбирањето за циркуларната економија и прашањата поврзани со отпадот кај младите, истовремено поддржувајќи ја нивната мобилизација и (3) промовирање на интеграцијата на темите за циркуларна економија во наставната програма на средните стручни училишта.
Пристап: Овој проект ќе им овозможи на граѓанските организации средства за ефективно започнување или зголемување на иновативните модели на циркуларна економија, вклучително и иницијативи за соработка помеѓу ГО, властите и бизнис заедницата. Проектот, исто така, финансиски ќе ги поддржи иницијативите поврзани со намалување на отпадот, повторна употреба, рециклирање и надградба, олеснувајќи ја промената во однесувањето. Со пристапот „учење низ работа“ во младинските центри и средните стручни училишта, лидерите на младинските центри, младите, наставниците и учениците ќе имаат корист од градењето капацитети и опремата за спроведување на иницијативи за циркуларна економија/отпад и интеграција на практиките на циркуларна економија во стручното образование.
Целни групи: Проектот е насочен кон 12 граѓански организации кои работат на прашања на циркуларна економија, 23 граѓански иницијативи со седиште надвор од Скопје, 8 лидери на младински центри, 160 млади кои ги посетуваат младинските центри, 20 наставници од земјоделски и текстилно-кожарски средни стручни училишта и најмалку 400 ученици од овие училишта.
Локација: Оваа 30-месечна акција ќе се спроведува во сите осум плански региони во Северна Македонија.
Повикот " Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија " е финансиран од Европската Унија, и имплементиран од ПИН, АРНО, ЛЕАД и ЕКОВИТА. Нејзината содржина е единствена одговорност на ПИН, АРНО, ЛЕАД и ЕКОВИТА и не ги одразува ставовите на Европската Унија.