ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ОБРАЗОВНА ПРОГРАМА

Почетна - ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ОБРАЗОВНА ПРОГРАМА
Aug 20, 2023

ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ОБРАЗОВНА ПРОГРАМА

Здружението LEAD во рамки на проектот „Иновациски кампови со Мрежата за искуствено учење“ ќе реализира 6 социјални хакатони кои ќе бидат насочени за решавање на предизвици поврзани со животната средина и адаптација кон климатските промени.

Целта на проектот е да ги мотивира и оспособи студентите од техничките и природните науки да генерираат идеи за социјални иновации за акција за климатски промени. Вкупно во проектот ќе бидат вклучени 150 студенти, односно 25 студенти за секој социјален хакатон.

Социјалните хакатони ќе бидат 3 дневни настани на кои студентите ќе имаат 48 часа да изработат решенија за предизвиците. Првиот социјален хакатон е предвидено да се реализира од 13 до 15 октомври во Скопје.

За потребите на проектот, објавуваме повик за експерт за избработка на образовна програма за реализација на социјален хакатон.

Целта на ангажманот е да се креира интерактивна програма која ќе вклучува методологија, алатки и пристапи за реализација на еден социјален хакатон.

КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТ

  • Најмалку тригодишно искуство во областа на образовниот развој за млади, со фокус на дизајнирање и имплементација на програми и обуки;
  • Искуство од управување со проекти, имплементација и следење;
  • Докажани вештини за подготовка на извештаи за квалитет
  • Пожелно е претходно искуство во работа со меѓународни организации
  • Добро познавање на компјутерски апликации особено MS Office;
  • Течно познавање на англиски јазик
  • Способност за креативен пристап и развој модели и да се предлагаат нови пристапи

ЗАДАЧИ

  • Да го води и координира процесот за развој на наставната програма
  • Да одржува редовна координација со координаторот на програмата
  • Да развие методологија за спроведување на кампови за иновации
  • Да развие програма која треба да вклучува: теми, цели и исходи
  • Да креира работна агенда за тридневен камп за иновации
  • Да рзвие водич за инструктори за извршување на програмата
  • Да развие техники за оценување и упатства за оценување

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Ангажманот се очекува да започне на 05.09.2023, а да заврши на 30.09.2023

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сите резултати произведени во оваа акција ќе останат во сопственост на LEAD кои ќе имаат ексклузивни права на нивната употреба.

ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето ќе се изврши еднократно по доставување на финалниот продукт и неговор одобрување од страна на LEAD

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Критериумите за оценување се следни:

  • Искуство и референци:: 50 поени
  • Финансиски предлог: 50 поени

Краен рок за пријавување е 28 август 2023 години со испраќање на официјална понуда на следната е-мејл адреса: nvolead@gmail.com.

Понудите треба да содржат CV и финансиска понуда.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD