Здружението LEAD во рамки на проектот „Кога учениците одлучуваат“, имплементиран со финансиска поддршка од Совет на Европа преку Европска младинска фондација, ќе реализира 2 симулации во 4 училишта за процесот кој се спроведува во училиштата при носење на одлуки. Проектот има за цел да го унапреди учеството на учениците во процесите на носење одлуки во средните училишта.
Симулациите ќе бидат еднодневни настани каде учениците ќе преземат улоги на училишното раководство и преку процес на дискусија и преговарање ќе носат одлуки кои се од важност за целото училиште, а со цел да ги разберат подобро ингеренциите на училишните служби и да се запознаат со процесот на носење одлуки во училиштето.
За потребите на проектот, објавуваме повик за експерт за избработка на прирачник за реализација на симулацијата. Целта на ангажманот е да се креира програма, во форма на прирачник која ќе вклучува:
КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТ
ЗАДАЧИ
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Ангажманот се очекува да започне на 10.12.2024, а да заврши на 25.12.2024
ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Сите резултати произведени во оваа акција ќе останат во сопственост на LEAD кои ќе имаат ексклузивни права на нивната употреба.
ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето ќе се изврши еднократно по доставување на финалниот продукт и неговор одобрување од страна на LEAD
ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА
Критериумите за оценување се следни:
Краен рок за пријавување е 27 ноември 2024 години со испраќање на официјална понуда на следната е-мејл адреса: nvolead@gmail.com. Понудите треба да содржат CV и финансиска понуда.