Позиција: Експерт за поддршка на наставници во средни стручни училишта со текстилно-кожарска насока
Локација: Северна Македонија (онлајн и на терен)
Времетраење на ангажманот: 20 работни дена
Рок за аплицирање: 03.03.2024
Почеток на ангажманот: 24.03.2024
ПОЗАДИНА
LEAD во партнерство со PIN, Ековита и АРНО во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, има за цел да ја зајакне интеграцијата на циркуларната економија во стручното образование. Овој процес вклучува поддршка на 10 наставници од 10 средни стручни училишта со текстилно-кожарска насока за развој на одржливи бизнис-модели и услуги кои училиштата можат да ги нудат во рамки на циркуларната економија.
За таа цел, отвораме повик за експерт кој ќе обезбеди дводневна поддршка за 10 училишта (вкупно 20 работни дена) преку онлајн и офлајн консултации, насоки и експертиза за производство на производи и употреба на материјали со циркуларен економски отпечаток.
ОПИС НА АНГАЖМАНОТ
Избраниот експерт ќе работи директно со наставниците од 10 средни училишта со текстилна насока и ќе биде одговорен за:
Обезбедување на стручна поддршка (по 2 денa од училиште) за развој на производи и услуги засновани на принципите на циркуларната економија во текстилниот сектор.
Водење на онлајн и офлајн консултации со наставниците за подобрување на циркуларниот економски отпечаток на училиштата.
Поддршка во изработка на бизнис планови за секое училиште, помагајќи во дефинирањето на одржливи услуги кои училиштата можат да ги нудат.
Структурирање на моделите за услуги што училиштата ќе можат да ги понудат во рамки на циркуларната економија.
Изготвување на завршен извештај со препораки за понатамошна примена на циркуларната економија во наставните програми и училиштата.
Како финални продукти од ангажманот секое училиште треба да има подготвено бизнис план и листа на услуги/производи.
БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ
✔ Универзитетска диплома во делот на бизнис и претприемништво.
✔ Минимум 5 години професионално искуство во циркуларна економија и/или одржливо производство во контекст на бизнис и претприемништво
✔ Претходно искуство во работа со средни училишта ќе се смета за предност
✔ Најмалку 3 години искуство во обука и менторирање на наставници или професионалци во образовниот сектор.
✔ Одлични комуникациски и аналитички вештини.
✔ Способност за самостојна работа и навремено доставување на резултати.
ПРОЦЕС НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересирани лица можат да се пријават на овој повик со испраќање на следниве документи:
Сите документи треба да се испратат по електронски пат на следната е-мејл адреса: info@lead.org.mk, најдоцна до 24.02.2025.