ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОМОЦИСКИ ВИДЕО

Почетна - ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОМОЦИСКИ ВИДЕО
Aug 20, 2023

ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОМОЦИСКИ ВИДЕО

Здружението LEAD во рамки на проектот „Иновациски кампови со Мрежата за искуствено учење“ ќе реализира 6 социјални хакатони кои ќе бидат насочени за решавање на предизвици поврзани со животната средина и адаптација кон климатските промени.

Целта на проектот е да ги мотивира и оспособи студентите од техничките и природните науки да генерираат идеи за социјални иновации за акција за климатски промени. Вкупно во проектот ќе бидат вклучени 150 студенти, односно 25 студенти за секој социјален хакатон.

Социјалните хакатони ќе бидат 3 дневни настани на кои студентите ќе имаат 48 часа да изработат решенија за предизвиците. Првиот социјален хакатон е предвидено да се реализира од 13 до 15 октомври во Скопје (можно е да има промена на датумите).

За потребите на проектот, објавуваме повик за избраотка на 6 промоциски видеа кои треба да бидат направени за секој од 6те социјални хакатони.

Целта на видеата е да служат како мотивација на студентите за приклучување кон настани и активности поврзани со животната средина и адаптација кон климатските промени.

Право на учество на овој повик имаат правни и физички лица кои работат на креирање на видео содржини.

КРИТЕРИУМИТЕ ЗА УЧЕСТВО

  • Најмалку 1 година искуство во изработка на видео содржини (за физички лица)
  • Најмалку 50 изработени видеа за клиенти и соработници
  • Претходна соработка со граѓански и образовни институции ќе се смета за предност
  • Капацитет со сопствена опрема за изработка на високо квалитетни видеа

ЗАДАЧИ

Правното лице/индивидуата треба да:

  • Развиe севкупен концепт и сценарио на промотивно видео врз основа на информации од доставени од LEAD
  • Презентира нацрт-видео за коментари за содржината и изгледите.
  • Достави 6 видеа во висока резолуција во врементраење од најмалку 1.30 минути по видео

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Ангажманот се очекува да започне на 01.10.2023, а да заврши на 30.04.2024

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сите резултати произведени во оваа акција ќе останат во сопственост на LEAD кои ќе имаат ексклузивни права на нивната употреба.

ПЛАЌАЊЕ

Плаќањата ќе се извршуваат на 6 рати, по секое изработено видео и тоа најдоцна 7 дена од финалното одобрување на видеото од страна на LEAD.

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Критериумите за оценување се следни:

  • Искуство, референци за работа и/или биографии на клучните членови на тимот: 50 поени
  • Финансиски предлог: 50 поени

Краен рок за пријавување е 1 септември 2023 години со испраќање на официјална понуда на следната е-мејл адреса: nvolead@gmail.com.

Понудите треба да содржат: портфолио на правното лице/индивидуата и финансиска понуда за реализација на 6 видеа.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD