ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ-СТРАНА

Почетна - ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ-СТРАНА
Aug 20, 2023

ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ-СТРАНА

Здружението LEAD во рамки на проектот „Иновациски кампови со Мрежата за искуствено учење“ ќе реализира 6 социјални хакатони кои ќе бидат насочени за решавање на предизвици поврзани со животната средина и адаптација кон климатските промени.

Целта на проектот е да ги мотивира и оспособи студентите од техничките и природните науки да генерираат идеи за социјални иновации за акција за климатски промени. Вкупно во проектот ќе бидат вклучени 150 студенти, односно 25 студенти за секој социјален хакатон.

За потребите на проектот, објавуваме повик за избраотка на една веб-страна која ќе служи за промоција на целиот проект.

Право на учество на овој повик имаат правни и физички лица кои работат на креирање на веб страни и апликации

КРИТЕРИУМИТЕ ЗА УЧЕСТВО

  • Најмалку 3 години искуство во изработка на веб-страници
  • Најмалку 10 изработени веб страници за клиенти и соработници
  • Претходна соработка со граѓански и образовни институции ќе се смета за предност
  • Искуство во работа со word-press сајтови

ЗАДАЧИ

Избраниот понудувач треба да:

  • Изработи веб-страница според претходно доставен урнек за wordpress страна од LEAD
  • Ја регистрира страната со домејн www.innocamps.lead.org.mk
  • Ја поврзе страната со постоечките сервери на организацијата
  • Ги постави содржините кои ќе бидат доставени од страна на LEAD
  • Ја одржува веб-страната во текот на проектот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Ангажманот се очекува да започне на 10.09.2023, а да заврши на 30.04.2024

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сите резултати произведени во оваа акција ќе останат во сопственост на LEAD кои ќе имаат ексклузивни права на нивната употреба.

ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето ќе се изврши по доставување на фактури за израбениата веб-страница и функционалностите на истиот од страна на понудувач кое е одобрено од LEAD.

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Критериумите за оценување се следни:

  • Искуство, референци за работа и/или биографии на клучните членови на тимот: 50 поени
  • Финансиски предлог: 50 поени

Краен рок за пријавување е 1 септември 2023 години со испраќање на официјална понуда на следната е-мејл адреса: nvolead@gmail.com.

Понудите треба да содржат: портфолио на правното лице/индивидуата и финансиска понуда за изработка на 1 веб-страна.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD