ПОВИК ЗА КООРДИНАТОР ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЛОГИСТИКА
Вклучи се во тимот на LEAD!
Објавуваме повик за координатор за администрација и логистика!
Динамична работа. Можност за напредок. Учество во проекти и програми со млади луѓе.
ГЕНЕРАЛНА УЛОГА НА ПОЗИЦИЈАТА
1.1. Координаторот за АЛ е одговорен за управување со секојдневните административни работи поврзани со канцелариски аранжмани, договори со донатори и понудувачи на услуги како и организација на настани, притоа осигурувајќи дека сите административни функции се во согласност со прописите на донаторите и политиката на организацијата.
ОПЕРАТИВНО РАБОТЕЊЕ Настани и состаноци
2.1 Закажува и организира интерни организациски состаноци и редовно ги известува вработените во организацијата за истите; 2.2 Води записници и датабаза за сите интерни организациски состаноци и настани; 2.3 Ги координира и следи работилниците/обуките/настаните вклучително и: комуникација со хотели, комуникација и потврда со учесници, испраќање на покани, аранжмани за патување, набавки и материјали, изнајмување опрема и обезбедување поддршка за учесниците на настаните; 2.4 Координира и обезбедува логистичка поддршка за активностите на проектите, вклучително и аранжмани за патување, визи и теренски посети
Канцелариско работење
3.1 Го одржува инвентарот на канцелариски материјали, и канцелариска опрема (компјутери, печатачи, фотокопири, регистратори и др) и води пописна евиднеција за истите; 3.2 Врши набавка на канцелариски материјали и канцелариска опрема на редовно ниво.
Административно и финансиско работење
4.1 Подготвува договори и фактури за вработените, привремено ангажираните лица и за услугите на организацијата 4.2 Води и одржува централна датабаза на договори и фактури 4.3 Комуницира со официјалниот сметководител на организацијата и подготвува документи потребни за сите тековни сметки на организацијата; 4.4 Спроведува еднократни и тендерски набавки за потребите на организацијата 4.5 Дава админстративна поддршка на вработените во извршната канцеларија на LEAD.
Комуникација и координација
5.1. Се вклучува во планирање на активностите и проектите во координација со останатите вработени во Извршната канцеларија 5.2 Врши проценка и известува за барањата, плановите, напредокот и недостатоците на администрацијата за навремени корективни активности и усогласеност; 5.3. По налог на Извршниот и Програмскиот директор, врши други работи од областа на тековното работење на ЛЕАД;
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА
ШТО НУДИМЕ?
Почетокот на работната позиција е превиден за 01.04.2022.
Избраното лице ќе биде ангажирано на период од 10 месеци од кои 1 месец ќе биде платен пробен период.
Позицијата се базира на 40 часа неделно работно време.
Аплицирањето за позицијата се врши со испраќање на CV и Мотивациско писмо на следната електронска адреса – info@lead.org.mk
Рокот за испраќање на апликациите е 17 Март.