Вклучи се во тимот на LEAD!
Објавуваме повик за координатор за комуникации!
Учество во проекти и програми со млади луѓе.
ГЕНЕРАЛНА УЛОГА И МАНДАТ НА ПОЗИЦИЈАТА
- Координаторот за комуникации е одговорен за креирањето содржини за јавните гласила на организацијата како и промоција на програмите, проектите и услугите на организацијата во јавноста.
ОПЕРАТИВНО РАБОТЕЊЕ
Креирање на содржини
- Подготвува содржини за регуларно одржување на веб-страната на организацијата
- Создава newsletter-и, е-маил соопштенија, и слични содржини
- Ги креира и координира сите објави на социјалните медиуми на организацијата
- Креира клучни пораки за сите тековни проекти во организацијата
- Учествува во процесот на креирање на визуелни содржини
- Подготвува извештаи за успешноста на комуникациските кампањи
Координација
- Одржува редовни контакти со претставници на медиуми (ТВ, весници и портали)
- Соработува со остантите вработени во Извршната канцеларија за ефективно промовирање на сите активности на организацијата
- Координира медиумски активности во кои се вклучени вработените во организацијата
- Идентификува предизвици во промоцијата на организацијата и дава насоки за нејзино подобрување
- Учествува во реализирање на комуникациската стратегија во соработка со Програмскиот директор
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
- Најмалку 1 година искуство на позицијата за комуникација
- Искуство во работа со социјални медиуми и рекламирање на социјални медиуми
- Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик
- Одлично познавање и искуство во работа со Microsoft Office пакетот
- Одлични вештини за пишување и креирање содржини
ПОЖЕЛНИ КРИТЕРИУМИ
- Искуство во работа и со граѓански организации
- Познавање на трендовите кај младите и образованието во земјата
- Соодветна универзитетска диплома или специфицична диплома за посета на програма за усовршување во областа (дигитален маркетинг, комуникации и сл.)
- Познавање на веб-апликацијата CANVA
- Познавање на веб-апликацијата MailerLite (или слична програма за e-mail маркетинг)
КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА
- Способност за приоретизација на обемот на работа и работа со конкретни рокови
- Способност за преземање на иницијатива и работа под минимална супервизија
- Способност за планирање, реализација и следење на активности
ШТО НУДИМЕ?
- Динамична средина исполнета со активности и работа со млади луѓе
- Редовен фидбек за перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој
- Канцелариски простор за работа со обезбеден компјутер и опрема
- Пристап до алатки за непречено спроведување на работните задачи
Позицијата е за 40 часа неделно работно време.
Аплицирањето за позицијата се врши со испраќање на CV и Мотивациско писмо на следната електронска адреса – info@lead.org.mk. Како втора фаза од процесот на селекција, дел од кандидатите ќе бидат поканети да изработат две едноставни задачи поврзани со позицијата во одреден временски период, со цел да ги демонстрираат своите вештини. Кандидатите со најдобро изработени задачи ќе бидат повикани на интервју.
Рокот за испраќање на апликациите е 31 јули.