Дали сакаш твојот глас да се слушне во креирањето на иднината? Дали веруваш дека младите можат да бидат двигатели на промената?
Биди дел од Националните консултативни сесии преку кои младите ќе можат да влијаат врз климатските политики на Северна Македонија.
Зошто да учествуваш?
Кога и каде ќе се одржат консултативните настани?
Ќе се одржат вкупно 4 консултативни настани, со учество на вкупно 200 млади од целата држава:
Секој настан ќе трае од 10:00 до 17:00 часот и ќе вклучува интерактивни работилници, групни дискусии и заедничко креирање на препораки. За време на настанот за учесниците ќе биде обезбедено храна и освежување.
Кој може да учествува?
*За учесниците од околните градови кои ќе земат учество на една од четирите настани, ќе бидат рефундирани патните трошоци за учество.
Како да се пријавиш?
Што се Национално утврдени придонеси (Nationally Determined Contributions- NDCs)
Национално утврдени придонеси се конкретни планови и цели што секоја држава ги поставува за да придонесе во глобалната борба против климатските промени, во рамките на Парискиот договор. Со нив се дефинираат мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и активности за прилагодување кон климатските промени. Овие цели и мерки претставуваат „патоказ“ кој покажува колку и на кој начин една земја ќе придонесе за заедничката цел: поодржлива и поздрава планета. Тоа значи дека секој предлог, идеја или иницијатива што доаѓа од младите може да стане дел од националната визија за зелена иднина.
Младите се носители на промената, а ова е твојата шанса да влијаеш на иднината на нашата земја, но и на иднината на нашата планета!