Сакаш да искусиш како се носат одлуки во твојата општина? Да дознаеш како се креираат политики што влијаат врз твоето секојдневие? Да преговараш, гласаш и дебатираш како вистински општински советник?
Вклучи се во еднодневна симулација на работата на Совет на општина, каде ќе имаш можност да преговараш со твоите врсници и да носиш важни одлуки, во улога на општински советник, новинар или граѓанин.
Повикот е отворен за млади луѓе од 8 општини за учество на еднодневни едукативни сесии посветени на локалната демократија и активно граѓанско учество. Интерактивните сесии ќе ти помогнат да се стекнеш знаење, вештини и практично искуство поврзано со функционирањето на локалната власт преку симулација на вистински процеси.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
✔ Како функционира локалната самоуправа
✔ Кои се надлежностите на општинскиот совет
✔ Како се спроведуваат избори и се градат коалиции
✔ Како да влијаеш на одлуки како граѓанин
✔ Како да го изразиш својот став, да дебатираш и преговараш
Работилницата е наменета за млади луѓе кои сакаат да бидат информирани, ангажирани, и подготвени да влијаат во своите заедници.
ШТО ПРЕТСТАВУВА СИМУЛАЦИСКАТА ИГРА „ЛОКАЛИЗИРАЈ СЕ!“?
„Локализирај се!“ е интерактивна симулациска игра која ги воведува младите во светот на локалната демократија преку учење од првa рака. Наместо предавање, учесниците влегуваат во реално сценарио каде што ја преземаат улогата на избрани претставници - советници, медиуми и граѓани и активно учествуваат во дебатирање и гласање, градење коалиции и преговарање.
Играта се одвива во неколку фази – од внатрепартиски состаноци и подготвителни дискусии, преку јавно претставување на ставови и предлози, до преговори помеѓу групи и финално гласање во рамки на советнички седници.
Секоја улога има сопствени интереси, ставови и ограничувања, што создава динамика која ја отсликува вистинската политика. Преку соработка, судири на ставови и политички договори, играта им нуди на учесниците да искусат како се води процесот на одлучување во еден општински совет.
Ваквиот пристап им овозможува на младите да го разберат системот на локално владеење, но и да почувствуваат како е да си во позиција на одговорност, како се балансираат различни интереси и како се постигнува компромис.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
На повикот можат да се пријават млади од 15 до 21 година, кои се подготвени да учат, дебатираат и активно да учествуваат.
За сите учесници е предвиден СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО.
По потреба, можеме да ви издадеме оправдание доколку имате часови во периодот на одржување на работилницата.
КАДЕ И КОГА?
Едукативните работилници ќе се одржат во следните градови:
Секоја симулација ќе трае од 10.00ч до 16.00ч, а за учесниците ќе биде обезбедена храна и освежување.
По потреба, можеме да ви издадеме оправдание доколку имате часови во периодот на одржување на работилницата.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Пополни го формуларот на следниот ЛИНК.
*Местата се ограничени
Локалната демократија почнува со тебе. Локализирај се – и научи како да влијаеш!
Оваа активност се спроведува во рамки на иницијативата „LEAP - Локално учество, активизам и вклученост“, имплементиран од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој го спроведува со поддршка од Европска унија преку Фондацијата Центар за демократија како координатор на проeктот „Регионален младински дијалог за Европа“.