Доколку…
→ си наставник во средно училиште
→ сакаш да научиш нов пристап за едукација преку друштвени игри
→ имаш мотивација за подобрување на граѓанското образование кај твоите ученици
→ сакаш да го вклучиш училиштето и учениците во национален турнир
Аплицирај за учество на програмата за користење на друштвената игра „Изборологија“ која е наменета за подобрување на знаењата на младите за државата и политичкиот систем..
Од што се содржи програмата?
- Дводневна онлајн обука на 5 и 6 февруари 2024.
Обуката има за цел да ги подготви наставниците да ја користат друштвената игра за политичка едукација „Изборологија“ и да можат да вршат едукации за истата.
- Спроведување на една сесија со група ученици од училиштето каде што ученици ќе ја играат играта по ваши инструкции.
Сесијата треба да се спроведе помеѓу 07 и 23 февруари 2024. За сесијата имаме подготвено материјали за тоа како да се спроведе. Единствен услов е во училиштето да има просторија со оспособени компјутери и интернет пристап (на пр. кабинет по информатика).
- Национален турнир во Изборологија на 29 февруари 2024.
Сите наставници кои што ќе ги комплетираат обуките и ќе спроведат сесии ќе имаат можност да подготват 10 ученици кои ќе учествуваат на национален турнир. Турнирот се одвива онлајн. Единствен услов за избор на 10-те ученици е тие да бидат над 18 години.
Што може да очекувате:
Кој може да земе учество на обуката:
Кои се наградите?
Придружете ни се во трансформирањето на начинот на кој ги едуцираме денешните генерации на ученици и заедно да го ја направиме граѓанската и политичка едукација забавно и поттикнувачко искуство.
Пријавете се за учество со пополнување на апликациската форма достапна на СЛЕДНИОВ ЛИНК, најдоцна до 28.01.2024 година.
Што е Изборологија?
„Изборологија“ е прва он-лајн друштвена игра за политичка едукација во нашата земја. Преку играта корисниците имаат можност поблиску да се запознаат со политичкиот систем, да разберете како функционира парламентарната демократија, како се спроведуваат изборите за пратеници во Собранието и на кој начин политичките партии учествуваат во парламентарните избори во нашата земја. Играта има едукативен, но и забавен карактер, со кој можете да ги претворите вашите часови во уникатно образовно искуство за вашите ученици.
Играта е дизајнирана на начин што овозможува да се одигра за еден училишен час од 45 минути.
Изборологија е друштвена игра која е развиена од страна на здружението ЛЕАД и Фондацијата Конрад Аденауер.