Објавуваме повик за наставници од основно и средно образование да се пријават за обучувачи за програмата Клуб на наставници 2024.
Што претставува Клуб на наставници?
Клуб на наставници е годишна програма за личен и професинален развој на наставници која започна да се спроведува во 2021 година. Самата програма нуди обуки, алатки и поволности кои нашиот образовен систем не ги нуди за поддршка на наставниците.
Програмата вклучува:
Програмата од година во година константно расте, во 2021 имавме 80 наставници, во 2022 имавме 120 наставници, а во 2023 имавме 180 наставници.
Вид на ангажман за Клуб на наставници 2024
Во 2023 година преку клубот беа вклучени 4 наставници кои спроведуваат обуки на различни теми. Во 2024 година нашата идеја е да овозможиме поголем број на наставници да се вклучат како обучувачи во рамки на програмата и да ги пренесат своите знаење на други наставници.
Обуките кои Клубот ги нуди се обуки на теми кои наставниците немаат можност да ги следат на други места (или се ретки). Целосната листа на обуки е достапна на следниот ЛИНК. ВАЖНО: Овие теми за обуки се само илустративни. Од апликантите очекуваме да продложат нови, поинакви теми за обуки.
Обуките треба да бидат спроведени онлајн, во времетраење од 3 часа и да можат да се реализираат на групи од 10 до 40 наставници.
Обуките ќе бидат спроведени во 2024 година според претходен договор со секој ангажиран наставник.
Надомест за избраните наставници
Секој избран наставник чија програмата за обука ќе биде прифатена, и потоа спроведена ќе добие 50 евра (нето) надомест за реализирана обука.
Во согласност со нашата политика за квалитет ќе важат и следните услови:
Начин и услови за аплицирање
На повикот може да аплицира секој наставник од основно и средно училишта кој ги исполнува следните критериуми:
Аплицирањето се врши со испраќање на следните документи:
Аплицирајте со испраќање на бараните документи на следната е-мејл адреса: nvolead@gmail.com најдоцна до 08.12.2023.
За избраните наставници ќе биде организирана еднодневна обука за вовед во програмата заедно со насоки за реализација на обуките.