ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ: ПОДГОТОВИ ПОБЕДНИЧКИ ПРОЕКТ

Почетна - ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ: ПОДГОТОВИ ПОБЕДНИЧКИ ПРОЕКТ
Nov 11, 2021

ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ: ПОДГОТОВИ ПОБЕДНИЧКИ ПРОЕКТ

[ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ] ПОДГОТВИ ПОБЕДНИЧКИ ПРОЕКТ 🏆

poster.png

Наставник си во основно или средно училиште во С.Македонија?

Сакаш да ги подобриш своите вештини за подготвка на проекти за меѓународни и домашни донатори?

Пријави се на дво-дневната обука онлајн обука за подготовка на проектни апликации која ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември од 15.00ч – до 19.00ч.

ЗАИНТЕРЕСИРАН/А СУМ, НО ШТО ЌЕ СТЕКНАМ/НАУЧАМ? 🤔

  • Листа на потенцијални донатори за аплицирање за основни и средни училишта
  • Креативен и практичен пристап „Како од 0 до проект?”
  • Развивање на цели, резултати, индикатори и методологија
  • Совети за пишување и подготовка на апликации

Пристапот на обуката ќе биде практичен и интерактивен каде што учесниците директно ќе работат на развивање на реална проектна идеја, која потоа ќе може да биде доработена и подготвена за аплицирање.

ШТО ДРУГО ЌЕ ДОБИЕШ? 📬

  • Краток водич „Како од 0 до проект?”
  • Фидбек на развиените идеи
  • Сертификат за учество

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ДА СЕ ПРИЈАВАМ? 💻

Дводневната обука чини 800 денари по лице, кои е потребно да се уплатат жирално. По пријавување, тимот на LEAD ќе ви ги испрати информациите за уплатата.

СПЕЦИЈАЛНИ ПОПУСТИ 🔔

  • Доколку се пријават 2 наставници од исто училиште добиваат 10% попуст (720 ден. по лице)
  • Доколку се пријават 3 наставници од исто училиште добиваат 20% попуст (640 ден. по лице)
  • Доколку се пријават 4 или повеќе наставници од исто училиште добиваат 30% попуст (560 ден. по лице)

Аплицирај веднаш

ИЗЈАВИ ОД ПРЕТХОДНИ УЧЕСНИЦИ tatjana.png galina.png irenka.png andrijana.png

ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ

Доколку не си задоволен/на од квалитетот на обукате и стекнатото знаење преку истите, котизацијата уплатена за учество на обуките ќе ти биде вратена во целост, на твое барање до организаторите, но под услов да имаш активно учествувано во сите сесии предвидени со обуката.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD