ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ: Програма за користење на друштвената игра „Изборологија“ за предавање теми поврзани со граѓанинот и државата

Почетна - ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ: Програма за користење на друштвената игра „Изборологија“ за предавање теми поврзани со граѓанинот и државата
Sep 14, 2023

ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ: Програма за користење на друштвената игра „Изборологија“ за предавање теми поврзани со граѓанинот и државата

Дали сте наставник кој во своите предмети има теми поврзани со демократија, граѓанин и држава? Дали сакате да применувате нови и иновативни начини за едукација на своите ученици? Дали сте подготвени да го унапредите вашиот пристап кон едукација на учениците?

Искусете ја моќта на учењето базирано на игри и направете го граѓанското образование возбудливо и интерактивно!

Здружението ЛЕАД и Фондацијата Конрад Аденауер ве покануваат да аплицирате за учество на програмата за за користење на друштвената игра „Изборологија“ за предавање теми поврзани со демократија, граѓанин и држава.

Од што се содржи програмата?

  1. Тридневна онлајн обука (месец октомври) Обуката има за цел да ги подготви наставниците да ја користат друштвената игра за политичка едукација „Изборологија“ при предавањето на наставни единици кои опфаќаат теми поврзани со демократија, граѓанин и држава.

  2. Примена на наученото и спроведување на друштвената игра на часовите По учеството на обуката, секој вклучен наставник ќе го примени наученото преку примена на друштвената игра „Изборологија“ на своите часови.

  3. Поддршка и рефлексија Низ целиот процес ќе ве поддржиме со подготвени материјали за спроведување на играта како и поенти за поврзување на играта со наставниот материјал кој го предавате. Главната идеја на целата програмата е друштвената игра да биде средство за предавање на лекциите, а не да биде дополнителен материјал.

Што може да очекувате:

  • Да се запознаете со придобивките од користењето на игри во наставата со ученици;
  • Да научите како да ја користите друштвената игра за политичка едукација „Изборологија“ при предавањето на теми поврзани со демократија, граѓанин и држава;
  • Да ја испробате друштвената игра „Изборологија“ во вашата работа со ученциите;
  • Да добиете финансиски надомест за спроведените едукации со ученици користејќи ја играта „Изборологија“;
  • Да добиете потврда за учество на обуката. Кој може да земе учество на обуката:
  • Наставници од средни училишта кои предаваат наставни предмети кои опфаќаат теми поврзани со демократија, граѓанин и држава, како што што се граѓанско образование, вовед во право, социологија и слично;
  • Наставници кои се во можност да учествуваат на сите три дена предвидени за обуката;
  • Наставници кои ќе се обврзат да спроведат најмалку два училишни часа користејќи ја друштвената игра за политичка едукација „Изборологија“ со своите класови.

За наставниците кои ќе учествуваат на целокупната обука и ќе ги спроведат часовите користејќи ја играта „Изборологија“ следува паричен надомест во износ од 3000 денари.

Придружете ни се во трансформирањето на начинот на кој ги едуцираме денешните генерации на ученици и заедно да го ја направиме граѓанската и политичка едукација забавно и поттикнувачко искуство.

Пријавете се за учество со пополнување на апликациската форма достапна на СЛЕДНИОВ ЛИНК, најдоцна до 25.09.2023 година.

Што е Изборологија?

„Изборологија“ е прва он-лајн друштвена игра за политичка едукација во нашата земја. Преку играта корисниците имаат можност поблиску да се запознаат со политичкиот систем, да разберете како функционира парламентарната демократија, како се спроведуваат изборите за пратеници во Собранието и на кој начин политичките партии учествуваат во парламентарните избори во нашата земја. Играта има едукативен, но и забавен карактер, со кој можете да ги претворите вашите часови во уникатвно образовно искуство за вашите ученици.

Играта е дизајнирана на начин што овозможува да се одигра за еден училишен час од 45 минути.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD