ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧИ

Почетна - ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧИ
Nov 11, 2024

ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧИ

Поседуваш вештини и знаења кои можеш да ги пренесеш на други наставници? Сакаш да се надоградуваш во улога на тренер/обучувач?

Објавуваме повик за обучувачи (наставници и едукатори ) да се пријават за обучувачи за програмата Клуб на наставници 2025.

Што претставува Клуб на наставници?

Клуб на наставници е уникатна програма која ги обединува наставниците во заедница за учење, поддршка и развој, размена на идеи и придонес кон подобрување на квалитетот на образованието

Клубот на наставници започна во 2021 година и досега низ овие 4 години се вклучија 500+ наставници.

Самата програма нуди обуки, алатки и поволности кои нашиот образовен систем не ги нуди за поддршка на наставниците.

Вид на ангажман за Клуб на наставници 2025

За новата програма 2025 година предвидено во рамки на Клубот да бидат спроведени 10 онлајн обуки во времетраење од 3 часа.

Потребно е обуките да можат да се реализираат на групи од 10 до 100 наставници.

Обуките ќе бидат спроведени во 2025 година според претходен договор со секој ангажиран обучувач. Предложените теми за обуките треба да бидат иновативни, да поттикнуваат личен и професионален развој и да се во насока на

1. Директно поврзани за наставата

Пример од минатите години:

  • Учење во училница: Техники за водење на часови;
  • Употреба и примена на OneDrive во и вон наставата

2. Неповрзани со наставата но важни за личниот развој на наставниците

Пример од минатите години:

  • Ментално здравје за наставници,
  • Mенаџирање на однос со родители,
  • Подготовка на проектни апликации

Надомест за избраните наставници

Секој избран обучувач чија програмата за обука ќе биде прифатена, и потоа спроведена ќе добие 50 евра (нето) надомест за реализирана обука.

Во согласност со нашата политика за квалитет ќе важат и следните услови:

✔️Доколку обуката биде оценета од учесниците со средна оценка 4 или повеќе хонорарот ќе биде зголемен за +20%.

✔️Доколку обуката биде оценета од учесниците со средна оценка помеѓу 3 и 3,99 хонорарот ќе остане ист.

✔️Доколку обуката биде оценета од учесниците со средна оценка 2,99 или помалку хонорарот ќе биде намален за -20%.

Начин и услови за аплицирање

На повикот може да аплицира секој наставник од основно и средно училишта, едукатор, обучувач и тренер кој ги исполнува следните критериуми:

  • Да има спроведено најмалку 5 обуки на темата која ја предлага
  • Да има добри познавања на платформата ЗУМ

Аплицирањето се врши со испраќање на следните документи:

  1. ЦВ (кратка биографија)

  2. Програма (агенда за обука) во која е вклучено:

  • Потреба од темата која се предлага за наставниците
  • Цел на програмата
  • Вештини и знаења кои ќе бидат стекнати
  • Кратка работна програма распоредена во 3 часа

Аплицирајте со испраќање на бараните документи на следната е-мејл адреса: nvolead@gmail.com најдоцна до 30.11.2024

За избраните едукатори ќе биде организирана еднодневна обука за вовед во програмата заедно со насоки за реализација на обуките.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD