Сакаш да оствариш дополнителен приход? Сакаш да стекнеш искуство во промоција, презентирање и работа во невладина организација?
LEAD има потреба од млади лица на возраст од 18-29 години од Скопје, Битола Тетово и Штип како промотори на проектот „Иновациски кампови во соработка со Мрежата за искуствено учење“.
Избраните лица ќе бидат дел од базата на промотори и во периодот од ноември 2023 до Април 2024 ќе бидат ангажирани да ги промовираат повиците на проектот „Иновациски кампови во соработка со Мрежата за искуствено учење“. Повеќе информации за проектот има на следниот ЛИНК.
Кои се задачите во рамки на ангажманот?
Проектот предвидува организирање на 6 Иновациски кампа за студенти од природни и технички науки. Секој иновациски камп е проследен со повик за студенти. Задачата на промоторите ќе биде:
На кој начин ќе бидеме ангажирани?
Ангажманот ќе биде на дневна основа, според однапред подготвен распоред во периодот додека траat повиците за Иновациските кампови.
Подолу е распоредот за повиците (можно е да има мали промени во датумите):
Ангажманот предвидува финансиски надомест за секој ангажиран ден. Се очекува еден ден промоција да трае од 3 до 5 часа. Надоместокот за промоциските активности е 150 МКД од еден час промоција. Дополнително во зависност од успешноста на промоцијата предвидени се и бонуси.
Начин на аплицирање и рок
Аплицирањето се врши со пополнување на апликациската форма на следниот ЛИНК најдоцна до 23 октомври.
Дополнителни можности и поволности: