Повик за средни училишта за учество во проектот „Кога учениците одлучуваат“

Почетна - Повик за средни училишта за учество во проектот „Кога учениците одлучуваат“
Oct 28, 2024

Повик за средни училишта за учество во проектот „Кога учениците одлучуваат“

Здружение ЛЕАД објавува повик за 4 средни училишта од Северна Македонија за учество во активностите предвидени во проектот „Кога учениците одлучуваат“, имплементиран со финансиска поддршка од Совет на Европа преку Европска младинска фондација.

повик за средни училишта (1).png

Проектот има за цел да го унапреди учеството на учениците во процесите на носење одлуки во средните училишта. Повикот е отворен за сите средни училишта, гимназии и стручни, кои сакаат да ги зајакнат демократските капацитети и кои сакаат да креираат нови или да ги зајакнат постоечките механизми за учество на учениците во процесите на носење одлуки.

Од избраните училишта се очекува активно учество во сите активности предвидени во проектот, односно во:

  • Учество на тридневен подготвителен тренинг наменет за 7 ученици и одговорен наставник од секое од избраните училишта, каде учесниците ќе ги зајакнат своите капацитети за демократско учество и ќе подготват симулација на процес на носење на одлуки во училиштата; (10-12 декември 2024)
  • Спроведување на два еднодневни настани „Кога учениците одлучуваат“, во форма на симулација каде при секој настан 10 ученици ќе бидат во улога на раководно тело кое носи одлуки во училиштето; (декември 2024 - јануари 2025)
  • Учество на завршен тридневен тренинг наменет за 7 ученици и одговорен наставник од секое од избраните училишта за осврт на искуствата од учеството во симулациите и подготовка на промотивен настан; (февруари 2025)
  • Одржување на еден настан во рамки на училиштето за споделување на резултатите и искуството од спроведените симулации. (февруари-март 2025)

Сите активности ќе бидат спроведени во консултација и координација со училиштата вклучени во проектот, преку формирање на Консултативно тело, составено од по 3 ученици и еден претставник на училиштето, од секое од четирите училишта. По спроведувањето на проектните активности, училиштето и сите вклучени претставници од училиштата ќе добијат потврда за учество во проектот.

Заинтересираните училишта можат да аплицираат за учество преку пополнување на апликациската форма достапна на СЛЕДНИОВ ЛИНК:

Рокот за доставување на апликации е 26 ноември 2024.

Ве молиме, при процесот на аплицирање, како училиште, да назначите еден одговорен наставник и еден одговорен ученик, како одговорни лица за апликацијата и за учеството во проектот.

Селекцијата на четири училишта кои ќе земат учество во проектот ќе биде спроведена од проектниот тим, врз основа на следниве критериуми:

  • Степен на изразена мотивација за учество во проектот;
  • Степен на подготвеност за имплементација на стекнатите знаења и искуства од проектот во самото училиште;
  • Степен на разбирање на поимот младинско/ученичко учество и важноста од истото за средношколците;
  • Степен на соработка помеѓу учениците и училишниот кадар и воспоставени практики за учество на учениците во процесите на носење одлуки.

Со секое избрано училиште Здружение ЛЕАД ќе потпише меморандум за соработка, во кој ќе бидат наведени сите детали поврзани со соработката и учеството на училиштето во проектот.

Проектот „Кога учениците одлучуваат“ се спроведува од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, со финансиска поддршка на Европската младинска фондација на Советот на Европа.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD