КОИ СЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВА ТВОЕТО УЧИЛИШТЕ И ТВОЈАТА ЛОКАЛНА СРЕДИНА? КАКВА СОЦИЈАЛНА ИНОВАЦИЈА БИ ПРЕДЛОЖИЛ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО СЕКТОР ВОДА? СОБЕРИ ТИМ ОД 5 СОУЧЕНИЦИ, ОПИШИ ГО ПРОБЛЕМОТ/ПРЕДИЗВИКОТ ПОВРЗАН СО ВОДАТА И АПЛИЦИРАЈ ЗА
UpShift е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и зелената одржливост. Преку програмата учениците ќе имаат можност да стекнат:
- Вештини и компетенции за социјални иновации
- Практична примена на вештините во реализација на социјална иницијатива
- Посилна врска и одговорност кон локалната заедница
ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМА?
ФАЗА 1 – ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМ/ПРЕДИЗВИК, СО МОЖНО ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ И АПЛИЦИРАЊЕ (МАРТ)
ФАЗА 2 – UPSHIFT BOOTCAMP (14-16 АПРИЛ, СТРУГА) Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120000 денари за имплементација на решението.
ФАЗА 3 - ПРОМОЦИЈА И АКТИВНОСТИ ВО ЗАЕДНИЦАТА (МАЈ) 5-те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата и прибирање на средства.
ФАЗА 4 – ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ (МАЈ-ЈУЛИ 2022) Со помош на назначен ментор 5-те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.
ВОДА – ТЕМАТСКИ ОПИС
Претставувајќи го вториот од четирите класични елементи на природата (воздух, вода, почва и оган), водата и нејзината чистота ќе бидат во фокусот на првиот циклус на програмата UPSHIFT. Дополнително, овој циклус ќе го одбележи 22 март, Светскиот ден на водата.
Според науката, водата е рангирана на второ место по кислородот како неопходна за живот. Поконкретно, чистата вода е важна за многу работи, вклучително и суштински ресурс за човекот, но и обезбедува услови за живот за милиони видови, а е и важен климатски регулатор. Чистата вода и санитарните услови се препознаени и како цел број 6 во рамки на целите за одржлив развој на Обединетите нации.
Сепак, сè уште се соочуваме со многу предизвици поврзани со чистотата на водата, пристапот до чиста вода и преголемо искористување на чистата вода.
УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА
Прочитај повеќе за повикот и начинот на аплицирање на следниов ЛИНК. Повикот е достапен и на албански јазик ТУКА