ПОВИК ЗА СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОЕКТИ: Од учење во училницата до грижа за заедницата

Почетна - ПОВИК ЗА СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОЕКТИ: Од учење во училницата до грижа за заедницата
Aug 28, 2023

ПОВИК ЗА СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОЕКТИ: Од учење во училницата до грижа за заедницата

Си се запрашал/а ли што можеш да направиш со сите факти и податоци што ги учиш на час? Како теорјата можеш да ја претвориш во пракса? Имаш идеи за проекти, но ти фали поддршка?

Преку овој проект ти нудиме да учиш, да се забавуваш, но и да помогнеш на заедницата со твој проект!

Poster_JPG -01-min.jpg

Што треба да направиш:

  • Состави тим од 5 средношколци
  • Вклучи еден наставник
  • Детектирај потреба или предизвик во твојата заедница
  • Смислете решение за чија реализација ќе ги употребите знаењата и вештините стекнати на училиште
  • Аплицирај на следниот ЛИНК најдоцна до 17.09.2023, до 23:59 часот. И добиј 12 000 денари за реализирање на твојата иницијатива!

ШТО ПРЕТСТАВУВА SERVICE LEARNING?

Service Learning (служба за заедницата) е едукативен пристап каде што ученикот ја поврзува теоријата и знаeњата стекнати во училишните клупи преку конкретна активност и проект кој е наменет за влијание во општеството, односно го користите она што го учите на училиште за да направите проект со кој позитивно ќе придонесете кон вашата околина.

КАКОВ ВИД НА ПРОЕКТИ МОЖАТ ДА БИДАТ СПРОВЕДЕНИ?

Проектите со кои аплицирате треба да бидат насочени кон подобрување на одреден предизвик во вашата локална заедница, а во насока на следниве области:

  1. Урбанизација
  2. Животна средина
  3. Маргинализирани лица
  4. Лица со попречености
  5. Волонтерство
  6. Сиромаштија
  7. Помош на други ранливи категории на граѓани

Секој од проектите треба да демонстрира дека се темели на користење знаења и вештини стекнати на училиште во рамки на предметите.

ШТО ДОБИВААТ ИЗБРАНИТЕ ТИМОВИ?

1. ТРИДНЕВНА ОБУКА (28-30 септември)

Одржување на тридневен настан на кој учество земаат избраните 10 тима. Тренингот има за цел да го продлабочи знаењето на учениците за концептот на Service Learning и да ги зајакне нивите капацитети. Стекнатото знаење од обуката ќе претставува водич за ефикасна реализација на иницијативите.

2. ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ (октомври 2023 – февруари 2024)

Секој од селектираните тимови ќе добие финансиска поддршка од 12 000 денари за имплементацијта на проектот во период од три месеци. Посакуваниот резултат е надминување на првично дефинираниот проблем и одржливост на проектот.

3. ПРИЗНАНИЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ

Сите вклучени учесници и наставници ќе добијат признание за својот ангажман во проектот, во форма на сертификат.

4. ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ ЗА ОДГОВОРНИОТ НАСТАВНИК

Одговорниот наставник, кој ќе има улога на ментор на средношколските тимови, за својот ангажамн во спроведувањето на проектот ќе добие финансиски надомест во износ од 3 000 денари.

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА

Одбирањето на проектите по затворање на повикот за аплицирање се спроведува според следните критериуми:

  • РЕЛЕВАНТНОСТ НА ПРОЕКТОТ → 10 поени- Проектот се базира на реални потреби во општеството и вклучува анализа поткрепена со податоци
  • ПОВРЗАНОСТ СО УЧИЛИШНИТЕ ПРЕДМЕТИ → 10 поени- Проектот прави јасна поврзано со некој/и од училишните предмети
  • ИНОВАТИВНОСТ НА ПРОЕКТОТ → 10 поени- Проектот користи иновативен пристап
  • ИЗВОДЛИВОСТ НА ПРОЕКТОТ → 10 поени- Проектот може да се спроведе во рок од 3 месеци

За избрани ќе се сметаат тимовите кои добиле најголем број поени во процесот на селекција.

ЗОШТО СЕ ПОТРЕБНИ SERVICE LEARNING ПРОЕКТИ?

Отсуството на искуствено учење и и практично применување на знаењето е пречка со којашто се соочуваат средношколците во нашиот образовен систем. Предвидениот материјал претжно им се предава на учениците во вид на факти и податоци. Ваквото еднонасочно учење често доведува до нецелосно разбирање при учење и резултира со пасивност. Поради тоа, многу средношколци сметаат дека не можат да го искористат своето знаење за да влијаат во општеството.

Затоа, Service Learning програмите ти даваат шанса да:

  • Го трансформираш теоретското знаење стекнато од наставата во практична примена
  • Развиеш вештини кои немаш можност да ги стекнеш во училишните клупи
  • Добиеш мотивација да влијаеш во заедницата

ПРИМЕРИ ЗА ИНИЦИЈАТИВИ ПО КОНЦЕПТОТ НА SERVICE LEARNING

Пример 1: Проект: Иницијатива за чистење на животната средина

Проектот опфаќа чистење и обновување на локална природна област. Со акцијата се промовира важноста на зачувувањето на животната средина и подигнување на свеста на луѓето околу истото прашање. Учејќи за екосистеми, загадување, учениците го збогатуваат своето знаење во областа на биологијата, екологијата и други природни науки. Тие практикуваат практично учење на предметниот материјал.

Пример 2: Проект: Програма за нега на стари лица

Идејата на овој проект е подобрување на квалитетот на живот кај старото населението во заедницата. Учениците изработуваат и спроведуваат програма со активности за дружба и поддршка на лица кои престојуваат во дом за стари лица. Притоа, учениците учат за човечки развој, процесот на стареење, меѓучовечки односи и емпатија. Овој проект се поврзува со предмети како психологија и социологија.

Пример 3: Проект: Програма за туторство и менторство

Средношколци заземаат улога на тутор и/или ментор со цел подобрување на академските разултати и пружање на поддршка на помлади ученици. Попатно, средношколците го утврдуваат своето знаење од предмет по избор (математика, мајчин или странски јазик). Тие стекнуваат важни комуникациски, лидерски и наставни вештини, додека помладите ученици развиваат позитивен став кон учењето и училиштето. Од програмата полза имаат двете категории на ученици, преку академски успех и желба за образование, што само по себе е предност на заедницата.

Заинтересиран/а си но имаш уште прашања?

За сите заинтересирани тимови ќе организираме информативна сесија, која ќе се одржи на 6 септември од 12.00ч онлајн на платформата ЗУМ. За да учествуваш на сесијата потребно е да се регистрираш најдоцна до 5 септември на следниот ЛИНК.

Оваа активност е дел од проектот YOU(th) are ALLRIGHT!, поддржан од EU Civil Resilience Mechanism (CRM), во рамките на проектот финансиран од ЕУ “Technical Assistance for improving the enabling environment for Civil Society Organisations in the Republic of North Macedonia”

Logoa-01.png

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD