Повик за средношколци - Младински клубови за учество

Почетна - Повик за средношколци - Младински клубови за учество
Jan 17, 2024

Повик за средношколци - Младински клубови за учество

Сметаш дека си активен член на клуб во твоето училиште?

Сакаш да го зголемиш влијанието на твојот клубот?

Бараш начин да поттикнеш предизвикувачки дискусии меѓу младите?

Аплицирај за да реализираш проект кој опфаќа контроверзна тема во рамки на твоето училиште и добиј 11.000 МКД за реализација!

WEBSITE МЛАДИНСКИ КЛУБОВИ ЗА УЧЕСТВО.png

КАКО ДА АПЛИЦИРАШ?

1. Состави тим од 3 ученика - членови на средношколски клубови

Секој ученик е потребно да биде претставник на различен клуб во училиштето.

2. Заеднички размислете и споделете контроверзни теми кои би сакале да ги опфатите во рамки на проектот

Иницијативата треба да вклучува една или повеќе активности каде ќе може да се опфати областа на работа на секој од трите клубови.

3. Вклучете еден одговорен наставник

Одговорниот наставник ја зазема улогата на ментор на тимот.

4. Доставете ја вашата апликација на следниот ЛИНК и добијте 11 000 денари за имплементација на вашата иницијатива.

Рокот за доставување на апликациите е 04.02.2024, до 23:59.

ШТО ДОБИВААТ ИЗБРАНИТЕ ТИМОВИ?

  • Тридневна обука во Крушево од 12 до 14 февруари со сите покриени трошоци;
  • Финансиска поддршка за имплементација на иницијативата во вредност од 11 000 денари;
  • Сертификати за учество во проектот;
  • Менторство за зајакнување на работењето на клубовите.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот Младински клубови за учество ќе опфати 5 средни училишта, секое претставувано од 3 средношколски клубови кои ќе развијат и спроведат своја иницијатива во областа на контроверзни теми.

Средношколските клубови се платформа каде учениците имаат можност да станат активни членови во својата заедница, дејствувајќи во области од нивен интерес. Работејќи по принципот од млади за млади, клубовите се механизми преку кои се стимулира целокупно ученичко учество. Токму затоа, средношколските клубови се движечки фактор во поттикнување на значајни и продуктивни дискусии меѓу младите.

Преку реализација на иницијативи кои обработуваат контроверзни теми, средношколските клубови стануваат повеќе од само воннаставни групи, трансформирајќи ги во активни придонесувачи за значајно учество во нивните училишта.

Овој проект има за цел да придонесе кон зголемување на степенот на младинско учество преку зајакнување на капацитетите на 15 средношколски клубови и доближување на контроверзните теми до младите.

ЗОШТО КОНТРОВЕРЗНИ ТЕМИ?

Контроверзните теми се теми кои предизвикуваат силни и често пати спротивставени мислења од различни поединци или групи што е резултат на различните перспективи и вредности кои ги имаат луѓето.

Контроверзните теми играат клучна улога во образованието преку поттикнување на критичко размислување кај учениците. Oвие прашања ги стимулираат учениците да се запознаат различни гледишта, продлабочувајќи го нивното разбирање за посложените општествени прашања. Контроверзните теми не само што градат емпатија, дебатерски и комуникациски вештини, туку и ги подготвуваат учениците за нивно активно, информирано учество во демократските процеси и животот во заедницата. Примери за контроверзни теми се: Право на абортус, истополови бракови, користење на дигитални уреди во образованието итн.

КAКВИ ТЕМИ МОЖЕТЕ ДА ОПФАТИТЕ?

Средношколските иницијативи треба да се однесуваат на релевантни и актуелни прашања. Истите може да се идентификуваат во следните категории:

Социјални и етички прашања: Иницијативите можат да навлезат во теми како социјална правда, родови права и етички дилеми во современото општество.

Екологија и наука: Климатските промени, одржливоста на животната средина и етички импликации од развојот на науката.

Политика и економија: Политички идеологии, управување, закони, глобализација, економските политики и нивните влијанија.

Технологија и дигитална етика: Последици од нова технологијата дигиталната приватност, вештачката интелигенција и улогата на социјалните медиуми во општеството.

Образование: Образовен систем, стандардизираното оценување, релевантноста на наставната програма.

Пример 1

Три средношколски клубови огранизираат активност со која се таргетира прашањето околку кодексот на облекување во училиштата. Темата им се презентира на учениците преку претстава изведена од страна на драмскиот клуб, каде се претставуваат различните ставови на учениците, наставниците, директорите. По, претставата дебатниот клуб организира дискусија во која можат да се вклучат учениците во публика и да ги споделат своите размислувања околку истата тема. Еко клубот организира презентација за придобивките и негативните страни од носење униформи врз консумеризмот и животната средина.

Пример 2

Иницијативата предвидува соработка на три средношколски клуба за организација на тридневен настан. Во рамки на настанот, секој од вклучените клубови приредува активност која се осврнува на различна контроверзна тема.

КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ПРОЕКТОТ?

ФАЗА 1: ОТВОРАЊЕ НА ПОВИКОТ - 19 ЈАНУАРИ

По отворањето на повикот заинтересираните ученици изготвуваат апликација согласно пријавата на ЛИНКОТ.

ФАЗА 2: СЕЛЕКЦИЈА НА 5 УЧИЛИШТА - 5 ФЕВРУАРИ

По истекување на рокот за пријавување (04.2.2024), доставените апликации се оценуваат според критериумите за селекција на иницијативи. Оттаму се одбираат 5 победнички иницијативи кои освоиле најголем број на поени при евалуацијата.

ФАЗА 3: ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗВОЈ НА ИНИЦИЈАТИВИ - 7 ФЕВРУАРИ

Преку еднодневната онлајн работилница победничките тимови ќе имаат можност добијат општи насоки за подобрување на иницијативите со кои аплицирале.

ФАЗА 4: ТРЕНИНГ ЗА ПОБЕДНИЦИ - 12-14 ФЕВРУАРИ, КРУШЕВО

Петте победнички тимови ќе бидат дел од тридневен настан, каде преку тренинг сесии учесниците ќе се обучат како да организираат и спроведуваат проекти кои се однесуваат на контроверзни прашања, истовремено доразвивајќи ги своите иницијативи.

ФАЗА 5: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНИЦИЈАТИВИ МАРТ - МАЈ 2024

Во период од 3 месеци, со финансиска поддршка во вредност од 11000 денари, победничките тимови ќе ги реализираат петте иницијативи во своите училишта.

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА

Изборот на иницијативи по затворање на повикот за аплицирање се спроведува според следните критериуми:

РЕЛЕВАНТНОСТ - Иницијативата се однесува на тема која е актуелна и значајна, во согласност со современите теми.

СТЕПЕН НА ВЛИЈАНИЕ - Иницијативата е ефективна во однос на ангажирање на учениците и има вистинското влијание врз учениците.

КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ - Иницијативите имаат уникатен пристрап и вклучуваат нови начини за ангажирање на младите во училишната заедницата.

ИЗВОДЛИВОСТ - Иницијативата може да се спроведе во рок од 3 месеци.

Дополнително, иницијативата треба да демонстрира етички пристап, почитување на различните гледишта и непристрастност.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD