Што треба да направиш?
За сите заинтересирани тимови ќе организираме информативна сесија, која ќе се одржи на 12 септември од 12.00ч. Пријави се на следниот ЛИНК.
ШТО ПРЕТСТАВУВА SERVICE LEARNING?
Service Learning (услужно учење ) е едукативен пристап каде што ученикот ја поврзува теоријата и знаeњата стекнати во училишните клупи преку конкретна активност и проект кој е наменет за влијание во општеството, односно го користите она што го учите на училиште за да направите проект со кој позитивно ќе придонесете кон вашата околина.
ПРИМЕРИ ЗА УСПЕШНИ SERVICE LEARNING ИНИЦИЈАТИВИ
Tим МЕДИКУС - ССОУ„ Димитрија Чуповски“ - Велес
Поставување на штандови за контрола на притисокот и шеќерот е иницијатива преку која тимот МЕДИКУС се погрижи за здравјето и квалитетот на живот на населението. На овој начин учениците се залагаа за рано откривање на хипертензијата и дијабетесот и подигање на свеста за овие чести заболувања. Воедно, тие го утврдија знаењето стекнато од стручните предмети од здравствената струка во нивното училиште.
Хумани срца - СУГС гимназија „Никола Карев“ - Скопје
Преку часови, вежби и пријателски пристап, учениците им дадoa помош на лицата со попреченост во совладувањето на наставните програми. Учениците ги применија знаењата од гимназиско образование по преметите математика, географија, историја, англиски, музичко и ликовна уметност, а се стекнаа со комуникациски, лидерски и наставни вештини. Проширување на знаењата, можности за социјализација и подобрување на самодовербата беа само дел од придобивките за лицата со попреченост.
Брзо, лесно, без чекање - ОСТУ Гостивар
Преку нивната Service Learning иницијатива, учениците придонесоа за добросостојбата на повозрасните лица со организирање на обуки за онлајн плаќања. Знаењето од информатиката кое учениците им го пренесоа, им овозможи на повозрасните да ги надоместуваат своите сметки од удобноста на својот дом и да ги избегнат долгите редици во банките. На овој начин проектот претсуавува директен спој на влијание во заедницата со помош на наставниот материјал изучен на училиште.
КАКОВ ВИД НА ПРОЕКТИ МОЖАТ ДА БИДАТ СПРОВЕДЕНИ?
Секој од проектите треба да демонстрира дека се темели на користење знаења и вештини стекнати на училиште во рамки на предметите.
ШТО ДОБИВААТ ИЗБРАНИТЕ ТИМОВИ?
1. ЕДНОДНЕВНА ОНЛАЈН ОБУКА ЗА ПЛАНИРАЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
Интерактивната онлајн обука ќе ги им овозможи на учесниците од избраните тимови да научат како да дефинираат проектни цели, да развијат акциски планови ефективно да ги користат ресурсите. Преку обуката учесниците ќе стекнат знаења и вештини за планирање и имплементирање на сопствени проекти во заедницата.
2. ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ (октомври 2024 – декември 2024)
Секој од селектираните тимови ќе добие финансиска поддршка од 12 000 денари за имплементацијта на проектот во период од три месеци. Посакуваниот резултат е надминување на првично дефинираниот проблем и одржливост на проектот.
3. МЕНТОРСКА ПОДДРШКА
На избраните тимови ќе им бидат овозможени регуларни средби, консултација, насоки и практични совети од страна на ментор.
3. ПРИЗНАНИЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ
Сите вклучени учесници и наставници ќе добијат признание за својот ангажман во проектот, во форма на сертификат.
4. ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ ЗА ОДГОВОРНИОТ НАСТАВНИК
Одговорниот наставник, кој ќе има улога на ментор на средношколските тимови, за својот ангажамн во спроведувањето на проектот ќе добие финансиски надомест
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА
Одбирањето на проектите по затворање на повикот за аплицирање се спроведува според следните критериуми:
За избрани ќе се сметаат 5 тимови кои добиле најголем број поени во процесот на селекција.
ЗОШТО СЕ ПОТРЕБНИ SERVICE LEARNING ПРОЕКТИ?
Отсуството на искуствено учење и и практично применување на знаењето е пречка со којашто се соочуваат средношколците во нашиот образовен систем. Предвидениот материјал претжно им се предава на учениците во вид на факти и податоци. Ваквото еднонасочно учење често доведува до нецелосно разбирање при учење и резултира со пасивност. Поради тоа, многу средношколци сметаат дека не можат да го искористат своето знаење за да влијаат во општеството.
Заинтересиран/а си но имаш уште прашања?
За сите заинтересирани тимови ќе организираме информативна сесија, која ќе се одржи на 12 септември од 12.00ч онлајн на платформата ЗУМ. За да учествуваш на сесијата потребно е да се регистрираш најдоцна до 11 септември на следниот ЛИНК.
Оваа активност се спродува во рамки на проектот „LEADing Forward: зајакнување на капацитетите за одржлив развој“. Проектот е поддржан со оперативен грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.