ПОВИК за СТАРТ-АПИ, МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ EDUCATION TO BUSINESS

Почетна - ПОВИК за СТАРТ-АПИ, МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ EDUCATION TO BUSINESS
Feb 3, 2022

ПОВИК за СТАРТ-АПИ, МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ EDUCATION TO BUSINESS

ПОВИК за СТАРТ-АПИ, МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ EDUCATION TO BUSINESS

Poster-EduBizz.png

Преку проектот и концептот „Education to Business” сакаме да придонесеме за развој на претприемничкото образование и развојот на малите и средните компании во земјата.

Упатуваме повик за 4 мали и средни компании (до 50 вработени) кои ќе се приклучат на проектот во улога на “learning partners” и ќе добијат поддршка од страна на интердисциплинарен тим на студенти на предизвик кој тие самите ќе го идентификуваат во рамки на својата компанија.

Што добиваат компаниите?

  • Развој на област/сектор во кој имаат предизвик во работењето
  • Интердисциплинарен тим на 4 студенти кој ќе помогне при изработка на решение за работен предизвик со кој што се соочува компанијата (пр. стратегија за маркетинг, стратегија за комуникација, изработка на концепти за бизнисот и веб-страницата)
  • Помош од експерти/ментори кои се дел од естонската меѓународна консултантска компанија Civitta
  • Финален продукт во вид на план според потребите на компанијата

Како ќе се одвива процесот?

  1. Февруари - LEAD и Civitta избираат 4 компании кои ќе бидат “learning partners”.
  2. Март - Повик и избор повик на 16 студенти од универзитетите од С. Македонија кои ќе формираат 4 тима, по еден тим за секоја компанија врз основа на предизвиците
  3. Април - Студентите добиваат 4 дневна обука за бизнис развој каде што детално ќе работат на предизвиците од компании
  4. Април-Јуни - Студентите развиваат финален план/продукт за предизвикот во назначената компанија. На студентите им се назначува ментор со кој го подобруваат развиениот план/продукт.

Во текот на целиот процес компаниите нема да имаат никакви трошоци поврзани со ангажманот на студентите.

Исто така, доколку е потребно компаниите можат да имаат координативни средби со назначениот тим на студенти.

Како се аплицира? Аплицирањето се врши електронски, со пополнување на пријавата на следниот ЛИНК.

Рокот за аплицирање е отворен до 10 февруари 2022 година.

Критериуми за избор

Избраните компании ќе се претпочитува да бидат од различни индустрии.

Обемот на проблематиката да може да биде реализиран во 3-4 месеци.

Предност ќе се дава на малите претпријатија или на компании кои имаат поголема итност во решавањето на нивниот предизвик.

Проектот „Education to Business” е реализиран од страна на Здружението LEAD од С. Македонија и консултантската компанија Civitta од Естонија. Проектот е финансиски поддржан во рамки на програмата Еразмус+.

EU.png lead.png Civitta Logos.png

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD