Знаеш бизнис во теорија, ама ти фали пракса? Замисли дека те најмува компанија за да пронајдеш бизнис решение? Што ќе направиш доколку се соочиш со бизнис предизвик?
Ако си редовен студент/ка на дипломски или постдипломски студии на било кој универзитет во С. Македонија и те интересира работата на бизнисите или имаш идеи за бизнис, вклучи се во проектот „Education to Business” и:
Преку проектот и концептот „Education to Business” сакаме да придонесеме за развој на претприемничкото образование и развојот на малите и средните компании во земјата.
Што добиваш доколку бидеш избран?
🡺 Можност да работиш во интердисциплинарен тим на 4 студенти кој ќе помогне при изработка на решение за работен предизвик со кој што се соочува компанијата Гевино (пр. стратегија за маркетинг, стратегија за комуникација, изработка на концепти за бизнисот и веб-страницата, дизајн на нов производ);
🡺 Помош од бизнис експерти/ментори кои се дел од естонската меѓународна консултантска компанија CIVITTA;
🡺 5 дневна студиска посета во Естонија (6-12 септември 2022) за запознавање со бизнис и образовниот еко-систем на земјата со покриени трошоци за патување и сместување;
Што ќе биде твојата задача?
Вкупно 4 избрани студенти ќе бидат дел од тимот кој што ќе работи на посебен предизвик со кој се соочува компанијата Гевино. Во период од 3 месеци и со поддршка на ментор тимот ќе треба да изработи финален продукт во вид на план или извештај според потребите на компанијата.
Учеството во целиот проект е бесплатно за студентите.
Краток опис на компанијата
Опис на компанијата:
Гевино е релативно млада компанија (основана 2017-та година) која се пробива на пазарот со пласирање на вино. Компанија се профилира како компанија за вино достапно за сите крајни потрошувачи во Македонија. Виното е достапно како во стаклена, така и во пластична амбалажа. Поддржана е со грант од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и веќе има продажба на своите производи во дел од Тинекс продавницте во Скопје и поголемиот број на мали продавнички низ главниот град. Целат да се прошират низ македонскиот пазар, особено кај крајните потрошувачи (бизнис моделот е B2C – Business to consumer или на македонски јазик, бизнис до потрошувачи).
Област на компанијата:
Полупроизводство и трговија со вино.
Опис на проблемот:
Иако македонскиот пазар на вино има голема конкуренција, навиките на потрошувачите покажуваат дека има простор за раст. Предизвикот на Гевино е како да понуди нов/и продукт/и насочени кон крајните потрошувачи за да ја зајакне продажбата на домашниот пазар. Новиот производ, односно продукт, треба да се истакнува од другите понуди на пазарот.
Поврзани вештини и/или познавања кои се корисни за овој проект (оваа листа не е заклучна, туку е индикативна):
Концепт, дизајн и изработка на производ, графички дизајн за физички производи, склоност кон естетика и уметност, анализа на навиките и претпочитувањата на крајните потрошувачи, спроведување на дело на дел од маркетинг стратегијата.
Како ќе се одвива процесот?
🡺 ЈУЛИ - Повик и избор повик на 4 студенти од универзитетите од С. Македонија.
🡺 АВГУСТ - Студентите почнувааа да развиваат финален план/продукт за предизвикот. Најмалку две работни средби на тимот студенти заедно со менторот и претставник на компанијата Гевино.
🡺 СЕПТЕМВРИ - 5 дневна студиска посета во Естонија од 6 до 12 септември.
🡺 ОКТОМВРИ - Финализација на задачата од страна на студентите
Како се аплицира?
Аплицирањето се врши електронски, со пополнување на електронската апликациска форма на следниот ЛИНК.
Рокот за аплицирање е отворен до 17 јули 2022 година.
Критериуми за избор
Заинтересираните кандидати ќе бидат избрани според следните критериуми:
Проектот „Education to Business” е реализиран од страна на Здружението LEAD од Македонија и консултантската компанија CIVITTA од Естонија. Проектот е финансиски поддржан во рамки на програмата Еразмус+.
Обврски на избраните студенти
Доколку апликантот (студентот) е избран се обврзува да:
• Биде дел од интердисциплинарен тим од (4) студенти. Не повеќе од 2 члена од тимот ќе бидат од истата насока, односно факултет. • Ја испорача (заедно со својот тим) договорената задача/производ/извештај до крајот на јуни и да го презентираат пред компанијата. Компанијата и менторите мора да бидат во согласност дека договорената задача е завршена за да истата се смета за завршена. • Соработува со менторите од Цивитта и со компанијата во изработка на решението. • Биде достапен за образовно/едукативно едно-неделно патување во Естонија. Зависно од условите наметнати од пандемиските околности, датумот на патувањето може да се одложи или одредени членови на групата да не можат да патуваат поради неисполнување на барањата за влез во Естонија. • Обезбеди пристап до компјутер со интернет врска за работа од далечина. • Има пристап до Office (Excel, Word, PowerPoint) алатки. Како алтернатива може да се користат бесплатни алатки како што Libre Office, OpenOffice, Google Docs/Excel/Sheets, Microsoft Office On the Web)
За квалитетна изработката на решенија за секоја од компаниите потребно е секој студент да посвети во просек од 4-6 часа неделно.
Обврски на компанијата
• Избраната компанија мора до крај на проектот да соработуваат со групата студенти. • Компанијата е должна да им обезбедат информации и услови за извршување на задачата
Обврски на менторите
• Да одвојат најмалку 12 менторски часа за секоја компанија/тим. • Да имаат во просек менторски средби два пати месечно.
Често поставувани прашања?
1. Јас штотуку дипломирав, дали може да се пријавам?
За жал не, овој проект е наменет само за редовни студенти кои се запишани на еден од акредитираните универзитети во С. Македонија.
2. Јас сум вонреден студент, дали може да бидам дел од проектов?
Во оваа фаза, проектот е наменет само за редовни студенти на еден од акредитираните универзитети во Република Македонија.
3. Јас сум на постдипломски студии, дали може да се пријавам?
Да, секако. Се додека си редовен студент на еден од акредитираните универзитети во Република Македонија може да се пријавиш.
4. Јас не сум државјанин на С. Македонија, но студирам како редовен студент на еден од акредитираните универзитети во Република Македонија. Дали може да се пријавам?
Да, секако. Важно е да знаеш англиски јазик. За странските државјани познавањето на македонскиот јазик ќе се смета за предност.
5. Дали мора да сум студент на еден од факултетите лоцирани во (Име на град во Македонија)?
Не, може од било кој град од С. Македонија да се работи на проектот. Овој проект овозможува соработка користејќи ги онлајн алатките и технологијата. Секако дека студентите кои се во иста географска област и би можеле да имаат средби лице-в-лице би имале потесна соработка.
6. Дали е неопходно да знам англиски јазик?
Не е неопходно, но е мошне корисно, бидејќи може еден од менторите да биде од Естонија со кои ќе се комуницира исклучиво на англиски јазик. Важно е барем еден од членовите од тимот да говори англиски јазик.