ПОВИК ЗА ТУРНИР- Друштвена игра за политичка едукација Изборологија

Почетна - ПОВИК ЗА ТУРНИР- Друштвена игра за политичка едукација Изборологија
Dec 27, 2021

ПОВИК ЗА ТУРНИР- Друштвена игра за политичка едукација Изборологија

ПОВИК ЗА ТУРНИР- Друштвена игра за политичка едукација Изборологија

cover.png

Замисли да си лидер на политичка партија? Што ќе направиш за да победиш на изборите? Искуси учество на парламентарни избори!

Фондација Конрад Аденауер и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој ви нудат можност да бидете меѓу првите кои ќе ја играат он-лајн друштвената игра „Изборологија“, натпреварувајќи се со останати играчи и притоа освојувајќи една од наградите за најдобрите играчи.

„Изборологија“ е он-лајн друштвена игра која ви овозможува да „влезете во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија и да учествувате во парламентарните избори во нашата земја.

Преку стратешко носење на одлуки, освојте ги гласовите на гласачите, освојте најголем број мандати за пратеници во Собранието и добијте ја довербата за да формирате Влада која во следните четири години ќе управува со државата.

Доколку си љубител на друштвени игри и сакаш да учиш преку игра и натпревар, те покануваме да се пријавиш за учество на турнирот во играње на друштвената игра „Изборологија

Ако имаш над 15 години, сакаш повеќе да го научиш или усовршиш политичкиот систем на земјата низ игра, а притоа да се забавуваш, пријави се на турнирот!

Правила за игра:

  • Секој натпреварувач игра индивидуално
  • Секоја игра ќе биде составена од 6 учесници
  • Победник во една игра е играчот кој има најголем број на собрани мандати на крајот на играта
  • Форматот на играње ќе биде утврден во зависност од пријавениот број на учесници (може да биде лига систем или куп систем).
  • Доколку играчот не се појави во терминот за игра, истиот ќе биде дисквалификуван

Една игра е со времетраење до 1 ч (во зависност од брзината на играчите

Натпреварот ќе се одржи во периодот од 24.01.2022 до 28.01.2022 година. Деталниот распоред за играње ќе биде објавен по затворањето на повикот и формирањето на групите. Термините за играње ќе започнат од 18.00ч и ќе завршат максимум до 22.00ч.

Пријавување е преку следниот линк.

Рокот за пријавување истекува на 20.01.2022.

Награди за победниците:

  1. Победникот на натпреварот ќе добие ваучер во вредност од 4000 мкд
  2. Второпласираниот ќе добие ваучер во вредност од 3000 мкд
  3. Третопласираниот ќе добие ваучер во вредност од 2000 мкд

Сакаш да бидеш подготвен за турнирот и да ги зголемиш твоите шанси за победа?

Тогаш те поттикнуваме да креираш свој профил уште денес и да започнеш со играње со твоите пријатели. Креирај го твојот профил на следниов линк. Запознај се повеќе со играта и со правилата за играње, на следниов линк.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD