ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРВОТО МЛАДИНСКО СОБРАНИЕ

Почетна - ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРВОТО МЛАДИНСКО СОБРАНИЕ
May 11, 2025

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРВОТО МЛАДИНСКО СОБРАНИЕ

🗓 28 јуни – 1 јули 2025

📍 Хотел Гардениа, Велес

🕐 Рок за пријавување: 31 мај 2025

Линк за пријава - https://shorturl.at/JxCUN

*Сите трошоци за пат, сместување и храна се покриени од страна на организаторот.

Дали сакаш да придонесеш за промени во твојата општина? Дали имаш идеи како локалната власт може подобро да одговори на твоите потреби? Сакаш да видиш како твојот глас може да влезе во програмите на кандидатите за градоначалници?

Во пресрет на Локалните избори кои треба да се случат во октомври 2025 година сакаме да дадеме наш придонес за квалитетни мерки за младите луѓе кои би биле дел од понудата на политичките партии.

Што е Младинско собрание?

Младинското собрание е иновативен модел во кој 50 млади од цела Македонија, на возраст од 15 до 21 година, ќе се соберат на четиридневен настан за да дискутираат, анализираат и предложат решенија за прашања кои ги засегаат младите.

На 4 дневниот настан ќе имаш можност да:

  • Научиш за локалната самоуправа и избори
  • Да работиш со врсници од сите региони во Македонија
  • Да добиеш поддршка од експерти и фасилитатори
  • Да креираш заеднички препораки кои ќе им бидат претставени на политичките партии и кандидатите за градоначалници за локалните избори 2025

Што сакаме да постигнеме?

Преку Младинското собрание, сакаме младите да добијат реална можност да влијаат врз локалните политики. Целта е барем 50% од предложените мерки да бидат интегрирани во програмите на кандидатите за градоначалници. Така, младинските приоритети ќе станат дел од вистинските политики без разлика кој и да биде победникот на локалните избори во твојата општина

Кој може да се пријави?

Ако си млад и на возраст од 15 до 21 година

Ако сакаш да придонесеш за твојата општина

Ако сакаш да бидеш дел од интересен и интензивен процес со други млади луѓе

Пријави се со пополнување на следниот ЛИНК најдоцна до 31 мај.

*Доколку бидеш избран/а сместување, храна и трошоци за пат се целосно покриени од организаторот!

Како ќе бидат избрани учесниците?

Младинското собрание ќе ја претставува земјата „во мало“, односно треба да биде составено од млади од сите категории, возрасни групи и степени на образование. За потребите на ова собрание LEAD направи методологија која се базира на: полова квота, етничка квота, образовна квота и регионална квота, квота според средина на живеење (градска/селска)

Оваа активност се спроведува во рамки на иницијативата „LEAP - Локално учество, активизам и вклученост“, имплементиран од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој го спроведува со поддршка од Европска унија преку Фондацијата Центар за демократија како координатор на проeктот „Регионален младински дијалог за Европа“.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2025. All Right Reserved By LEAD