Повик за учество во пилот проект за креирање на модел на co-management (ко-менаџирање) во Република Северна Македонија

Почетна - Повик за учество во пилот проект за креирање на модел на co-management (ко-менаџирање) во Република Северна Македонија
Aug 1, 2023

Повик за учество во пилот проект за креирање на модел на co-management (ко-менаџирање) во Република Северна Македонија

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој отвора повик за средни училишта да бидат дел од првиот пилот проект за креирање на модел на co-management (ко-менаџирање) во Република Северна Македонија кој ќе биде базиран на моделот од Советот на Европа.

Poster_ E+.png

Co-management е модел на партиципативна демократија пилотиран од Советот на Европа кој подразбира заедничка дискусија меѓу младите и донесувачите на одлуки, како и заедничко одлучување во однос на прашања кои ги засегаат младите и општеството.

Со други зборови, Co-management е специфична форма на младинско учество која ги поставува младите на исто ниво со нивните постари партнери за да работат кон остварување на заедничка цел.

Преку проектот ќе опфатиме 8 средни училишта кои ќе развијат модел на ко-менаџирање помеѓу ученичката заедница и раководството на училиште кое ќе овозможи зајакнување на демократските капацитети на учениците, но и на училиштето. Моделот на ко-менаџирање ќе биде развиен од учениците и претставниците на раководството (наставници или стручна служба) на сите 8 училишта кој потоа ќе биде тестиран во секое училиште.

КАКВА Е УЛОГАТА НА УЧИЛИШТАТА?

Секое вклучено училиште ќе учествува во проектот со 3 претставници, од кои 1 наставник/претставник на стручна служба и 2 ученици кои се претставници на ученичката заедница (претседатели или потпретседатели на класови).

  • Првата активност на која тие ќе учествуваат е тридневен тренинг за креирање на модел за ко-менаџирање од 24 до 26 септември во Струга.
  • Од ноември 2023 до февруари 2024 ќе следи пилотирање на моделот на ко-менаџирање во сите 8 училишта во земјата.

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ ВО ПРОЕКТОТ?

За вклучувањe во проектот потребно е да ја пополните апликациската форма која е достапна на следниот ЛИНК најдоцна до до 14 август 2023 година. Во формата треба да наведете наставник/претставник на стручната служба, а подоцна во текот на септември ќе треба да номинирате и двајца ученици откако ќе завршат изборите за претседатели.

Со секое училиште кое ќе биде избрано и вклучено во проектот ќе склучиме Меморандум за соработка.

Проектот EmpowerEd: Fostering Student Voice in High School e финансиран од Еразмус+ програмата на ЕУ и спроведуван од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD