ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО БАЗА НА ФАСИЛИТАТОРИ:

Почетна - ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО БАЗА НА ФАСИЛИТАТОРИ:
May 19, 2025

ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО БАЗА НА ФАСИЛИТАТОРИ:

Во срцето на нашата работа се младите, нивниот раст и развој. Како организација што расте, учи и постојано создава нови можности, потребни ни се млади луѓе кои се посветени, инспирирани и подготвени го прошират влијанието што го остваруваме.

Биди дел од базата на фасилитатори на LEAD!

  • Обука: 18–19 јуни 2025, Скопје
  • Можност за платен ангажман: 28 јуни – 1 јули 2025, Велес
  • Рок за пријавување: 1 јуни 2025

Што бараме?

Ги повикуваме сите млади фасилитатори на возраст од 18 до 35 години кои исполнуваат следниве критериуми:

  • најмалку 2 години искуство во работа со млади
  • најмалку 2 години искуство во водење на сесии, обуки и работилници
  • подготвеност за учество во дводневна обука во Скопје (18–19 јуни)
  • интерес за младинско учество, локална самоуправа, демократски процеси и личен развој

Што нудиме?

  • Избор на 10 фасилитатори кои ќе бидат дел од нашата база
  • Бесплатна обука во Скопје од 18 до 19 јуни
  • 4 учесници ќе бидат избрани како фасилитатори и ќе бидат ангажирани за Младинското Собрание од 28.06 до 01.07 во Велес
  • За ангажираните 4 фасилитатори следува надомест од 4.500 денари по ден, за вкупно 4 дена работа (28.06 – 01.07)
  • Можност за понатамошен платен ангажман во следните активности на LEAD

Како да аплицираш?

Пополнете ја пријавата најдоцна до 1 јуни 2025 преку пополнување на следниот ФОРМУЛАР

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2025. All Right Reserved By LEAD