Политиката против дискриминација и насилство во ЛЕАД е наменета да обезбеди безбедна и инклузивна средина во која секоја форма на дискриминација и насилство е неприфатлива и строго санкционирана. Политиката ги покрива сите лица вклучени во активностите на ЛЕАД, вклучително и вработени, членови на управниот одбор, учесници во проекти и партнери.
Политиката дефинира видови на дискриминација и насилство, како и механизми за превенција, пријавување и постапување при вакви случаи. Со нулта толеранција кон насилството, ЛЕАД промовира поддржувачка и инклузивна култура, со воспоставени механизми за заштита и следење на ситуациите.
Доколку сте биле жртва на дискриминација и/или насилство или сте просведочиле случај на дискриминација и/или насилство, ве молиме да пријавите пополнувајќи ја оваа ПРИЈАВА НА ДИСКРИМИНАЦИЈА И НАСИЛСТВО